Авто новости

Тјунирана ѕверка: Mercedes-AMG GT R со 880 коњски сили

9. септември 2019 - 10:49 | А.С.

Во моментов лидер меѓу Mercedes-AMG автомобилите со високи перформанси е AMG GT R, ѕверка фокусирана на тркачката стаза.

Ако не ви е доволно тоа, може да го почекате доаѓањето на серијата Black или да се обратите на тјунерската компанија Posaidon.

Mercedes-AMG GT R користи модифицирана верзија на M178 твин-турбо V8 мотор што дава повеќе од доволни 577 коњски сили, но на дечките од Posaidon тоа им беше малку, па успеаја од него да извлечат чудовишни 880 коњски сили.

Во тоа успеаја благодарение на новите турбополначи со поголеми цевки, ковани клипови и нов систем за вбризгување гориво, како и нов издувен систем.

Благодарение на дополнителните 330 кс, тјунираниот AMG GT на Posaidon има и поголема максимална брзина што сега изнасува 359 км/ч.

Со оваа моќност, најмногу се доближува до серијата AMG GT Black која допрва се очекува.

Коментирај