Тјунираниот „ѕвер“ Mercedes-AMG GLC 63 S Coupé сега развива 707 КС
Познатата германска компанија за тјунирање го тјунираше Mercedes AMG GLC 63 S Coupé кој сега го движат 707 коњски сили и 905 Nm максимален вртежен момент.
Нема сомнежи дека со дополнителните коњски сили е подобрен автомобилот кој сега од 100 до 200 км/ч забрзува за 7,5 секунди.
GLR 700 кој ќе биде произведен во само десет примероци поставен е на 21-инчни фелни со гуми со димензии 265/40 напред и 295/35 назад, а со црна боја на каросеријата.
За подобрувањата треба да се издвојат нешто помалку од 30.000 евра.