Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ф1
МИА
/ 19.07.2020 / 10:45

Поранешниот прв човек на тимот на Ферари во Формула 1, Жан Тод, изјави дека е информиран за ситуацијата со која се соочува Михаел Шумахер со години.

Легендарниот Германец имаше сериозна несреќа пред шест и пол години и оттогаш не се појавил во јавноста.

Исто така, информациите за неговата здравствена состојба се скудни, а одвреме-навреме се појавуваат шпекулации дека семејството на секој начин се обидува да го одржи во живот.

Тод истакна дека неодамна го видел Шумахер.

– Го видов минатата недела. Тој се бори. Се надевам дека светот ќе има шанса повторно да го види. Тој и неговото семејство се стремат кон тоа, рече Тод.

Наводно, Шумахер треба да помине третман со матични клетки, но сигурно е дека постапката била прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Тод зборуваше и за актуелните светски проблеми, вклучително и расизмот, што го истакна шампионот на Ф1, Луис Хамилтон.

– Мојата сопруга е од Кина, понекогаш има проблеми. Луис е погоден од тоа, тој искуси сè, но… Јас велам дека сите животи се важни, не само животот на црнокожите, или припадниците на жолтата или белата раса. Сите животи, заврши Тод.

Тој наводно има намера да се кандидира за прв човек на ФИА.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе