Tоксични лајкови или зошто сѐ почесто размислувам за исклучување од социјалните медиуми

Дали емотиконите ги заменија чувствата, а аватарите ги заменија луѓето? Дали лајковите ги заменија комплиментите, а видеоповиците ги заменија прошетките? Дали излегуваме во природа за да ја слушаме тишината или за да направиме најнов апдејт на социјалните медиуми?

Социјалните медиуми се една супер, позитивна работа кога се користат за промовирање на сопствените идеи, дружење со луѓе кои се далеку од нас и генерално за полесна комуникација. Тие се супер, позитивна работа, но многу лесно може да станат целосна спротивност на тоа.

Стара приказна е дека социјалните медиуми станаа место кое веќе не е толку позитивно или безопасно како што можеби беше почетокот, кога на Twitter бевме досетливи, на Facebook забавни, а на Instagram талентирани. Никој не сака доброволно да биде дел од нешто што им носи повеќе штета отколку корист, но исто така е многу тешко да се контролираме себе си.

Социјалните медиуми се така дизајнирани да го задржат нашето внимание што е можно подолго, да нѐ натераат да потрошиме што повеќе време на апликацијата, а со тоа да видиме повеќе реклами. Со тешко срце го пуштаме телефонот од раце, а си го испуштаме од раце менталното здравје.

Секако, од нас – корисниците - зависи како ќе ги користиме социјалните мрежи, дали тоа ќе биде извор на некои позитивни емоции или место за дружење со негативните. Сепак, дури и да е тоа најпозитивната работа на светот, сепак станува збор за социјални медиуми. Никој не сака да поминува премногу време во онлајн светот, а сепак сме привлечени кон туѓите животи и нивната совршеност, иако и самите знаеме дека се далеку од такви.

Следиме познати и непознати, блиски и далечни, славни и анонимуси, знаеме како изгледа дневната соба на секоја втора инфлуенсерка, а не сме ѕирнале во новата кујна на најдобрата пријателка, бидејќи или нема Instagram или нема око за да направи доволно привлечна фотографија за да го намами нашето одлично извежбано око.

Лепиме лајк по лајк на објави на луѓе кои малку ги познаваме, потајно посакувајќи ги нивните завеси, мафини, хеланки, вилата во Маврово, виното покрај камин, убедени дека тоа е само естетски восхит, а всушност се токсични лајкови со кои полека, полека си го обезвреднуваме нашиот живот, нашите достигнувања и избори, си ги поткопуваме сопствените напори. И можеби целосно се препознавате во напишаново, а можеби се тешите дека не сте стасани дотаму, но сепак ги преиспитавте барем денешните невини и наивни лајкови.

Колку и да сум поборник за држење чекор со светот, морам да се прашам дали можеби социјалните медиуми не ме враќаат чекори наназад во поглед на вистинските потреби, па и вредности.

Дали емотиконите ги заменија чувствата, а аватарите ги заменија луѓето? Дали лајковите ги заменија комплиментите, а видеоповиците ги заменија прошетките? Дали излегуваме во природа за да ја слушаме тишината или за да направиме најнов апдејт на социјалните медиуми?

Ве повикувам да си ги поставите истите прашања што си ги поставив сама: Што сакате да правите во слободно време? Кои се вашите страсти и интереси? За што навистина сакате да дознаете повеќе? Дали добивате нови информации на оваа тема со скролање низ социјалните медиуми? И можеби најважното прашање: дали самите социјални медиуми станале токсична средина или бирате да се опкружите со токсични содржини?

Исто како што престанав да пушам цигари пред шест месеци, се убедувам дека е време нагло да ги пресечам папочните врвци со социјалните медиуми и да го видам, слушнам и помирисам светот одново. Сакам да знам дека не сум си го изгубила залудно ова скапоцено време што го имам на располагање, особено по годината што ја преживеавме.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе