Толпа Индијци празнуваа во Ганг и покрај пандемијата
Околу два милиона хиндуисти се собраа крај бреговите на реката Ганг за да го прослават традиционалниот фестивал Кумб Мела.
И покрај пандемијата, огромна толпа народ го направи ритуалот на бањање во водите на оваа голема река.
Овој најголем свет празник во хиндиузмот се прославува на четири различни локации секои 12 години. Оваа година, според правилата, локацијата е градот Харидвар на реката Ганг.