Топ 5 скриени места во Грција

Грција е позната по илјадниците плажи кои се магнет за туристите и кои секоја година носат милиони патници во земјата. Меѓутоа, што е со нејзините скриени места и брегови кои се речиси празни?

Посетителите на Грција отсекогаш биле фасцинирани од медитеранското крајбрежје, кое се состои од прекрасни сини води, златни плажи и неверојатни пејзажи. Меѓутоа, оваа мала, а сепак голема земја крие и многу мистериозни места, пишува Travel Magazine.

Повеќето посетители ги знаат островите Санторини, Миконос, Крф и Родос. Сепак, малкумина се запознаени со изобилството на скриени дестинации кои нудат уникатно грчко искуство. Од затскриени плажи до цели острови, Грција нуди широк спектар на можности за оние кои бараат мир и тишина за време на нивниот летен одмор.

Равдуха, Крит

Критското село Равдуха (Ραβδούχα), според многумина, е едно од најтрадиционалните места на осамениот полуостров Родопос. Се наоѓа во западниот дел на островот, на 30 km од градот Ханија.

Равдуха е мало село, со нешто повеќе од 130 жители. Сместено е на возвишена позиција, на врвот на еден рид од каде што е можно да се восхитувате на фантастичниот поглед на заливот Кисамос. Во непосредна близина има прекрасна плажа.

Селото сѐ уште не е познато по масовниот туризам, што на ома место му внесува здив на мир и тишина. Сепак, многу жители на Крит сакаат да го посетат ова село, како и уникатниот брег. Високите стени и карпи го прават совршено место за љубителите на риболов.

Липси, Јужен Егеј

Островот Липси (Λειψοί) е прилично мал и изолиран во групата острови Додеканеза. Тоа е еден од оние совршени острови во Егејското Море што треба да ги посетите за да избегате од стресот и рутината. Бидејќи нема директна дневна врска преку континентална Грција, поблиски можности да се пристигне се од другите острови на Додеканезите, како Патмос, Родос, Калимнос и Кос.

Липси е група на мали острови лоцирани во југоисточниот дел на Егејското Море. Колективното име доаѓа од најголемиот остров од сите, Липси. Ниските ридови и долини, како и карпестите брегови и неколкуте заливи се дел од пејзажот на Липси.

Автомобилите и патиштата не се вообичаени на островот, така што најголемиот дел од животот на островот се одвива покрај шеталиштето на морето. Има и мало рибарско пристаниште, како и шармантни таверни. Во единствениот град на островот, наречен Хорио, можете да го пробате познатиот островски рецепт за октопод во една од многуте узо таверни или рибни ресторани. На овие места ноќе се собираат луѓе кои уживаат во пијалаци и музика во живо.

Алипа, Мани

Алипа (Αλύπα) е скриено место кое се наоѓа во грчкиот регион Мани, на еден од трите полуострови на Пелопонез, во Јужна Грција. Регионот е познат по своите импресивни брегови и зеленикаво-сините кристални води.

Местото може да се пофали со прекрасна плажа со кристално чиста вода, инспиративно катче за мирен одмор. Дивата убавина, живописните пејзажи, робусните камења и тиркизната вода придонесуваат за врвно искуство. Областа на ова место е буквално скриена помеѓу волшебните села на Лаконија.

Ова уникатно пристаниште во регионот Мани ги пречекува посетителите со плажи со кристално чисто море и недопрени бели камчиња. Мал залив со природен пејсаж со уникатна убавина, куп таверни и опуштена атмосфера послужи како инспирација за холивудскиот филм „Tempest“ од 1982 година, со Џон Касаветис, но и за една позната реклама за узо.

Лихадонисија, Евија

Лихадонисија (Λιχαδονήσια) е група острови лоцирани спроти Камениот Вурл во непосредна близина на централниот грчки остров Евија. Се состои од вкупно 7 острови и островчиња. Најголемиот од нив е Манолија и е единствениот остров кој бил населен во минатото.

Останатите 6 острови се Стронгили, Микри Стронгили, Стено, Вагија, Воријас и Лимани. Најголемиот остров Манолија може да се пофали со прекрасна плажа, која во летниот период не ја посетуваат голем број туристи. Стронгили е вториот по големина остров и на него има голем светилник.

Седумте вулкански острови се преполни со фантастични плажи. Тие често се нарекуваат Грчки Малдиви, а островите настанале како резултат на силен земјотрес пред неколку илјади години и вулканска активност во кенозојската ера. Се верува дека го добиле името по слугата на богот Херкул, Лихас. До островите може да се стигне со брод од пристаништето Кавос во Евија.

Донуса, Киклади

Донуса (Δονούσα) е мал остров на југоисточната страна на архипелагот Киклади. Се наоѓа на само 16 километри северно од островот Аморгос и источно од најголемиот кикладски остров Наксос. Површината на островот е 13,75 квадратни километри, а се состои главно од планини, ридови, карпи и малку жбунеста вегетација.

Дијаметарот на островот не е подолг од 5 километри, а највисоката точка е 363 метри. На островот живеат 167 локални жители, кои овој „мал камен“ гордо го нарекуваат дом. Донуса има мало пристаниште во Ставрос, главната населба, која е поврзана со траекти со островите Наксос и Аморгос. За жал, нема директна врска со континентална Грција.

На островот има траект кој може да превезе среќни посетители (од кои нема многу) до сите скриени песочни плажи на островот, каде што ги пречекува вистинска егзотика, кристално чиста вода и целосен мир.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе