Топлотен бран го нокаутира Балканот, доаѓа облак сахарска прашина

Деструктивните шумски пожари се проширија на делови од јужна Европа - особено беснеат во Шпанија, Грција и Италија. На италијанскиот остров Сардинија, околу 1.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради пожарот.

Локалните власти на Сардинија прогласија вонредна состојба во неделата поради „невидената катастрофа“.

„Сè уште не е можно да се процени штетата предизвикана од пожарите кои уште се активни во областа Ористано. Насадите со зеленчук се уништени, компании и домови се изгорени, а животните угинати“, рече во понеделникот Кристијан Солинас, претседател на регионот Сардинија.

Регионалниот портпарол Игнасио Артис изјави за CNN денес дека според сегашните проценки, изгорени се околу 20.000 хектари земја, но официјалните лица сè уште ја проценуваат штетата. Тој додаде дека повеќето пожари сега се изгаснати.

Солинас го повика италијанскиот премиер Марио Драги да испрати економска помош во погодените области. Драги рече дека неговата влада внимателно ја следи ситуацијата и изрази „целосна солидарност со населението кое постојано учествува во спасувачки интервенции“.

Топлотен бран во Грција

И Грција и Шпанија се борат со пожари предизвикани од непрекината топлина. Мноштво шумски пожари избувнаа во Грција помеѓу неделата и понеделникот. Властите на местото на настанот распоредија повеќе од 700 пожарникари кои се обидоа да ја стават ситуацијата под контрола.

Грција исто така се подготвува за екстремен топлотен бран со температури што се очекува да се искачат до 44 Целзиусови степени во наредните денови. Државната метеоролошка служба и Националната цивилна заштита издадоа предупредување во понеделникот, а топлината се очекува да трае до 8 август, невообичаено долг период.

Грција веќе страдаше од екстремни топлотни бранови во минатото, но временските услови се очекува да ги надминат претходните нивоа во наредните денови. Во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен бран, кога системите за климатизација сè уште не беа вообичаени. Посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.

„Сакам да истакнам дека август ќе биде тежок“

Премиерот Кирјакос Мицотакис во понеделникот изјави дека пожарникарите се бореле со околу 50 пожари низ целата земја во изминатите 24 часа. Тој предупреди дека може да има нови бидејќи метеоролозите предупредуваат дека топлината ќе продолжи.

„Сакам да нагласам дека август ќе биде тежок. Метеоролозите нè предупредуваат дека веројатно ќе нè чека уште еден топлотен бран до крајот на следната недела. Затоа е важно да бидеме подготвени додека официјално не заврши периодот на гаснење пожар", заклучи Мицотакис.

Во јужна Европа, сушите стануваат сè почести и посилни, а властите предупредуваат дека регионот е под најголем ризик од последиците од климатските промени.

Минатата недела, Франс Тимерманс, потпретседател на Европската комисија, за CNN изјави дека „нестабилните временски услови ќе бидат новата норма“.

„Ако итно не преземеме нешто, а под ‘итно’ мислам ‘веднаш’, тогаш климатската криза целосно ќе излезе од контрола“, рече тој.

Пожари во Шпанија

Ниту Пиринејскиот полуостров не беше поштеден од оган. Повеќе од 1.700 хектари се изгорени во каталонските региони Конка де Барбера и Аноја. Во Лиетор во регионот Кастилја-Ла Манча изгореле повеќе од 2.500 хектари за време на викендот.

Иако во последните десет дена нема нови пожари во Португалија, тоа е земјата најпогодена од шумски пожари во Европа. Еколошката организација Associacao Natureza Portugal (ANP) тврди дека од 2010 година досега се регистрирани повеќе од 18 000 пожари во Португалија

„Португалија е очигледно најпогодена од пожари во Европа. Во просек, годишно горат 136,000 хектари. Тоа е за 31% повеќе отколку во Шпанија, и покрај фактот дека Португалија има 80% помалку шумска површина“, велат од ANP.

Remote video URL

Нов топлотен бран на Балканот

Во деновите пред нас, доаѓа врвот на новиот топлотен бран, четврти оваа година. Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На места, долж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. В понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, додека во јужните ќе се задржат високите температури.

Топлотниот бран му се заканува на цел Балкан.

Метеорологот на РТЛ, Жељко Погашиќ, најави уште една катастрофа - појава на сахарски песок. Тој рече дека атмосферата ќе биде заматена поради природниот изглед на сахарскиот песок. Песокот ќе пристигне во наредните денови со југозападна струја од Северна Африка. Небото ќе биде жолтеникаво, а можеби и портокалово.

Тој најави дека жештината што следи ќе биде „неподнослива“ и дека најголем проблем ќе биде  чувството на „нокаут од исцрпеност“ поради високите дневни температури, но и поради топлите ноќи, во кои температурата навечер на континентот нема да падне под 20 степени.

Severe Weather пишува и за топлотниот бран во нашата област и наведува дека тој ќе трае до крајот на јули, односно до почетокот на август во југоисточна Европа.

Тој пишува дека температурите на Медитеранот и на Балканскиот Полуостров многу веројатно ќе бидат над просекот за овој период. Дневните температури може да достигнат 40°C на многу места, особено во котлините и рамнините каде што обично се загрева воздушната маса. Во делови од Србија, Северна Македонија, Романија, Бугарија, Албанија и Грција, попладневните температури може да бидат помеѓу 40 и 45 степени Целзиусови.

Анализите покажуваат дека значителната жештина може да продолжи во првата недела од август.

Облак од сахарска прашина

Огромен сахарски облак од прашина се шири низ Средоземното Море до Централна Европа. Тоа ќе влијае на квалитетот на воздухот над Медитеранот, Балканскиот Полуостров, Источна Европа и јужна Скандинавија.

Облакот прашина доаѓа од пустината Сахара. Кога ветровите во горниот дел на нашата атмосфера претежно дуваат од југ-југозапад кон североисток, тие можат да носат честички од прашина во Централна Европа.

Формирањето масивен облак од прашина честопати се поврзува со активност на грмотевици во близина на или над пустинските области во Северна Африка.

реклама

Беше еден од најплатените актери во Холивуд, банкротира купувајќи глупости

Read more

Били Ајлиш: Изгубив 100.000 следбеници поради моите големи гради

Read more

Цело време погрешно го полните телефонот, затоа батеријата кратко ви трае

Read more

Порно ѕвезда открива: Најчестата грешка кои сите ја прават во сексот

Read more

Живот

Три хороскопски знаци на кои не треба да им верувате

Read more

Пет навики кои ги има скоро секој, а кои привлекуваат лоша енергија во домот

Read more

Како за 5 секунди да откриете дали месото е свежо?

Read more

Неколку идеи за есенска декорација кои не чинат многу

Read more
 

Магазин

Кој најчесто заболува од долг ковид?

Читај повеќе

Топ 3 најздрави есенски намирници

Читај повеќе

Instagram убавица: Кара Дел Торо

Читај повеќе

Пет хороскопски знаци кои важат за најголеми заводници

Читај повеќе

Порно ѕвезда открива: Најчестата грешка кои сите ја прават во сексот

Читај повеќе

Науката има објаснување: Зошто некои деца не сакаат да јадат брокула?

Читај повеќе

Подобрете го имунитетот по природен пат со помош на овој пијалак

Читај повеќе

Секој пар минува низ пет фази во љубовта, третата е најтешка

Читај повеќе

Три хороскопски знаци на кои не треба да им верувате

Читај повеќе