На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе нови информации околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 59 лица а повредени се 163.
Министерот денеска информираше дека пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства.
Тој додаде дека по извршен разговор со член на ДНК, констатирано е дека пиротехничките средстава ги обезбедил бендот. Лицето за нивна употреба починало во несреќата. Распишаната потерница за четирите лица е повлечена и истите се обезбедени, рече Тошковски.
Прес-конференцијата е во во тек.
Изјава на министерот Панче Тошковски 17.03.2025
Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Monday, March 17, 2025