Тошковски: Неоспорно е дека полицаецот не погледнува во мониторот и му дозволува на Груби да излезе, се води постапка дали има други вмешани

Бегалецот Артан Груби, поранешен министер и вицепремиер, сè уште не е достапен за македонската полиција. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска рече дека нема официјални податоци за тоа каде се наоѓа Груби, но извести дека за неговото бегство се истражува дали му помогнал само полицаецот или се работи за организирана група, која помагала.

„Неоспорно е дека полицискиот службеник не погледнува во мониторот и му дозволува да излезе, тоа е неоспорен факт. Тука имаме кривична пријава. Во делот на тоа дали ова е организирано, дали имало други вмешани, се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство“, рече министерот Тошковски по денешната седница на управувачкиот Комитет за координација со системот за управување со кризи.

Тој посети дека Министерството за внатрешни работи уште од првиот ден кога, како што рече, се случил немилиот настан, презема дејства. Внатрешната истрага констатирала вина кај полицискиот службеник и поднела кривична пријава, а сето она што било обезбедено како доказен материјал е предадено на Обвинителството за да се утврди дали станува збор за група што го организирала бегството или е пропуст само на полицискиот службеник за кој се преземени и чекори во насока на суспензија.

Поранешниот вицепремиер и министер, Груби, е во бегство повеќе од еден месец. Министерот Тошковски, веднаш по бегството, го повика Груби да се врати во земјата и да докаже дека е чист како солза, како што тврдеше кога се најде на црната листа на САД. По него е распишана меѓународна потерница, а Кривичниот суд му одреди мерка притвор, која ќе се применува од моментот кога тој ќе стане достапен за органите на прогонот. Како соизвршител осомничен е за проневера во службата во истрагата за набавка на ВЛТ-апарати во „Државната лотарија“.

реклама

Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Read more

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година

Read more

Бислимоски: Доколку ЕУ ни воведе јаглеродна такса, тргување со струја ќе има само меѓу земјите што не се во ЕУ

Read more

Ќе нема струја во делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе