Тотенхем за 10 години платил 62,5 милиони евра отштета за отпуштени тренери

Филип Здравески
/ 28.03.2023 / 10:32

Неверојатно е како премиерлигашот лесно се разделува со ангажираните тренери, на кои потоа мора да им исплаќа баснословни суми поради предвремен раскин на договорите.

Откако Тотенхем се раздели со Антонио Конте, иако пристигна веста била разделбата била взаемен договор, а не отказ, всушност лондонскиот клуб сепак ќе мора да му исплати на Италијанецот значителна сума. Токму тој взаемен договор е нешто што Конте успеал да го добие со преговори - 4,5 милиони евра само за Конте да си замине од клупата.

Ова е не прв пат Тотенхем да плаќа милиони само за да се ослободи од тренерите. Не е ни втор, ниту трет пат. Тотенхем има цела историја на вакви случаи, а со Конте всушност и најдобро минал.

Во изминативе 10 години Спарс платиле дури 62,5 милиони евра на име отштета за предвремен раскин на договор на тернер.

Речиси петте милиони на Конте се ништо во споредба со она што некои други го земаа од Тотенхем - само Жозе Мурињо им лапна 23 милиони.

Тренери кои во изминатите 10 години се збогатија од Тотенхем само за да си заминат:

23 милиони - Жозе Мурињо (20 ноември 2019 - 19 април 2021)
16 милиони - Нуну Ешпириту Санту (30 јуни 2021 - 1 ноември 2021)
14 милиони - Маурисио Почетино (27 мај 2014 - 19 ноември 2019)
5 милиони - Андре Вилаж-Боаш (3 јули 2012 - 16 декември 2013)
4,5 милиони - Антонио Конте (2 ноември 2021 - 26 март 2023)

Тагови
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Фудбал

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Read more

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Read more

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Read more
 

Спорт

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја испроба игрицата F1 2023 и заврши последен

Читај повеќе

Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

Читај повеќе

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Читај повеќе

Милевски повика 29 фудбалери за дуелите со Украина и Англија

Читај повеќе

Мурињо му направи заседа на судијата на паркинг: Ти си е*ана срамота

Читај повеќе