Marvel Italia ја објави најновата реклама за претстојниот филм „Captain America: Brave New World“ со Ентони Маки во главната улога.
Нормално, штом е за италијанскиот пазар мора некако да се вклучи и калчото. Во рекламата главните улоги ги имаат фудбалските легенди Франческо Тоти и Алесандро Дел Пјеро, долгогодишните капитени на Рома и Јувентус.
Двајцата пензионери ќе помислат дека нив ги чекаат на стадион откако во паб во Рим на ТВ ќе слушнат како презентерката вели дека „се очекува пристигнувањето на капитенот“ на стадионот „Олимпико“. На крајот, сепак испаѓа дека е игра на зборови бидејќи капитенот кој сите го чекаат е всушност Captain America.
Новиот филм за суперхеројот на Marvel премиерата во САД ќе ја има на Валентајн, 14 февруари, а во кината ширум Италија на 12-ти.