Toyota го претстави целосно новиот Land Cruiser

Toyota официјално го претстави целосно новиот Land Cruiser, кој е фокусиран на неговите традиционални предности, квалитетот, издржливоста и справувањето со најтешките услови на патот.

Новиот модел ги комбинира гените на Land Cruiser со новите технологии кои овозможуваат исклучителни перформанси на патот (и надвор од него) и продолжува да биде синоним за сила и издржливст повеќе од 70 години како превозно средство на кое може целосно да му се верува дека патниците со сигурност ќе ги однесе до дестинацијата и ќе ги врати назад дури и во најтешките услови.

Неговата репутација го направи еден од најпродаваните модели на Toyota со 11,3 милиони продадени примероци до денес и тоа во повеќе од 170 земји.

Новиот Land Cruiser има должина од 4.920mm, широк е 1.980mm и висина 1.870mm, а меѓуосовинското растојание изнесува 2.850mm. Шасијата е за 50% поцврста, а каросеријата за 30% и носат значителни подобѝрувања во управливоста на возилото и удобноста на возењето.

Ентериерот нуди избор на конфигурација со пет или седум седишта, а го одликува дизајн кој доловува моќ и функционалност на класичен теренец.

Во понудата на мотори ќе се најдат три опции - еден дизел и два бензински мотори. За купувачите најинтересен ќе биде 2.8 литарскиот турбо дизел проектиран за силна рамнотежа помеѓу ефикансноста во потрошувачката на гориво и перформансите. Произведува максимални 204 КС/150 kW и има осумстепен автоматски менувач Direct Shift кој му дава моќност за влеча на товар до 3.500 килограми.

Купувачите во Европа ќе може да го очекуваат во претпродажба од октомври годинава, а првите испораки се очекуваат во првата половина на 2024 година.

Тагови
реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Авто новости

Кинески BYD фрли око на европските фабрики за автомобили

Read more

Suzuki остана да виси на семафор по судир со BMW

Read more

Уште еден BMW заминува во пензија

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more
 

Автомобили

Кинески BYD фрли око на европските фабрики за автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow

Suzuki остана да виси на семафор по судир со BMW

Читај повеќе
  • filter

Уште еден BMW заминува во пензија

Читај повеќе

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Читај повеќе

Volkswagen искрено за профитабилноста на новите електрични возила 

Читај повеќе

Volkswagen е нов рекордер на Нирбургринг

Читај повеќе

Кинезите забрзано купуваат електрични камиони, се очекува потрошувачката на дизел да се намали

Читај повеќе

ЕУ има нови правила за возачките дозволи

Читај повеќе

Како Германците се подготвуваат за Euro 7 стандардот?

Читај повеќе