Toyota го претстави новиот Land Cruiser
Со новата генерација на едниот од најпознатите теренски автомобили на сите времиња пристигнуваат многу промени и подобрувања.
Land Cruiser е полесен за 200 килограми во однос на претходната генерација. Во Toyota нагласија дека нивниот најпознат и најголем теренец има помала потрошувачка на гориво и пониска емисија на издувни гасови.
Автомобилот пристигна со богато опремена внатрешност во која може да се сместат возачот и шест патници. Се нуди со 3,5-литарски V6 мотор кој развива 415 коњски сили и 650 Nm максимален вртежен момент.
За пренос на силата е задолжен 10-степениот автоматски менувач. Дизел верзијата има 3,3-литарски турбо дизел мотор кој развива 310 коњски сили и 700 Nm максимален вртежен момент.
Погледнете ја галеријата.