Toyota Gazoo Racing почна да прима нарачки за новиот натпреварувачки модел GR Supra GT4 EVO2, кој е развиен со користење на опсежни повратни информации од тркачките тимови и возачи ширум светот за да постигне повисоки нивоа на перформанси, доверливост и управување.
Од претставувањето на првиот тркачки GR Supra GT4 во 2020 година, благодарение на поддршката од организаторите на трките и клиентите, вкупната продажба на овој модел надмина 120 единици, што е исклучителен резултат за тркачки автомобил.
Така, Supra GT4 забележа победи во сериите GT4 и меѓународни трки во 11 земји и региони. Возачите на Супра завршија на подиумот повеќе од 500 пати, станувајќи шампиони во класата во три региони: Азија, САД и Европа.
Новата еволуција на GR Supra GT4 EVO2 носи конструкција изработена од челик/алуминиум со заштитен кафез со висока цврстина според прописите на ФИА. Моторот ќе биде придвижуван од 3-литарски, 6-цилиндричен мотор со еден twin-scroll турбополнач, со максимален вртежен момент од 660 Nm. Менувачот е модифициран ZF автоматски менувач со рачки на воланот, а за издувниот систем е избран тркачкиот модел Akrapovič со катализатор.
Како и кај серискиот модел, предната суспензија го задржа решението MacPherson и задната multi-link суспензија, но секако беа поставени амортизери и пружини со тркачки спецификации според прописите на серијата GT4.
GR Supra GT4 EVO2 ќе ја има својата светска премиера во јануари 2025 година на првата трка IMSA Michelin Pilot Challenge, која ќе се одржи како дел од трката 24 часа Дејтона.
Очекуваната цена за купувачите во Европа ќе биде околу 202.000 евра.