Toyota официјално го најави новиот кросовер за европскиот пазар

Неодамна се појавија шпекулации дека Toyota планира да произведе нов компактен кросовер за европскиот пазар, а сега пристигна и официјалната потврда.

Од Toyota не го откриваат името на новиот модел, но потврдено е дека ќе биде базиран на GA-B платформата којашто ја користи и новиот Yaris.

Меѓутоа, овој кросовер нема да има повисока верзија на hatchback затоа што јапонскиот произведувач сака да му даде препознатлив изглед и конструкција.

„Нема да чекате долго време за да го видите конечниот дизајн, а она што ќе го видите не е само Yaris со каросерија и поголем клиренс, туку потполно нов и препознатлив B-SUV модел со компактен и динамичен дизајн“, изјави Мет Херисон, извршниот потпретседател на Toyota во Европа.

Со овие официјални информации објавена е и првата скица за кросоверот која покажува дека ќе биде нешто поголем од Yaris.

Сепак, нема да биде поголем од моделот C-HR, па се претпоставува дека ќе биде поевтин.

Toyota ќе го лансира новиот кросовер оваа година, а производството ќе се одвива во Франција.

Датумот и цената ќе бидат познати наскоро.

„Овој модел ќе придонесе на успехот на продажбата на Yaris во Европа“, вели Херисон.

реклама

Концепти

Kia ќе претстави 7 нови електрични модели до 2027 година

Read more

Nissan го откри изгледот на долгоочекуваниот наследник на моделот 370Z

Read more

Новиот Nissan GT-R R35 Final Edition ќе развива 710 КС

Read more

Dacia со тизери ги најави новите Sandero, Sandero Stepway и Logan

Read more

Автомобили

Вредноста на Tesla падна за 50 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Бели, црни, сиви и сребрени - зошто возачите бираат „здодевни“ нијанси на автомобилот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв поглед на новите 2020 BMW M3 & M4 со Top Gear

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зошто Американците не го сакаа легендарното „југо“?

Читај повеќе
  • filter

VW ѝ се „закани“ на Tesla: Ќе произведуваме 500.000 електрични модели годишно

Читај повеќе
  • filter

Nissan 300ZX од 1990 година се продава со иста цена како новиот модел 370Z

Читај повеќе
  • filter

BMW ги откри деталите за новата генерација на моделите M3 и M4

Читај повеќе
  • play_arrow

Mercedes има одговор на Tesla електричниот камион

Читај повеќе
  • filter

Колку чинат моделите од новата Mercedes С класа?

Читај повеќе