Традиционален концерт по повод Василица на 11 и 13 јануари во Националната опера и балет

На 11 и 13 јануари 2025 со почеток во 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот концерт по повод празникот Василица. Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Традицијата ќе продолжи и оваа година, па така нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети, од светски познатите дела од композиторите: Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Дониѕети и други.

Под диригентската палка на гостинот од Шпанија, Оливер Диас, врвен диригент, добитник на голем број на престижни награди и признанија, ќе настапат гостите од Шпанија, Ирене Паласон, сопран и Хосе Луис Сола, тенор заедно со оркестарот на Националната опера и балет.

Ирене Паласон, сопран од Шпанија, позната по својата изразена вокална техника има кариера која вклучува настапи на водечки оперски сцени во Европа и е препознатлива по својот чист тон, техничка прецизност и емотивна изведба. Паласон е позната по своите улоги во оперите како „Травијата“, „Кармен“ и други класични и современи дела. Со време, таа го изградила своето име како една од водечките шпански сопранистки, со настапи во некои од најпознатите театри во Шпанија и пошироко.

Хосе Луис Сола е познат шпански тенор кој своето музичко образование го започнува во Escolanía Niños Cantores de Navarra, а потоа продолжува со усовршување на техниката на пеење под менторство на познатиот тенор Рикардо Висус. Неговата кариера вклучува настапи во различни оперски и симфониски дела, а тој се истакнува со својата разновидност во класичниот и оперски репертоар, со посебен фокус на дела од Моцарт, Дониѕети, Верди, Бизе, Гуно и други. Сола има настапувано на престижни сцени и со различни оркестри, освојувајќи признанија за своите моќни и емоционални изведби. Познат е и по своите настапи во светот на сакралната и хорската музика, што го збогатува неговиот опус.

Тагови
реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Култура

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Read more

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Read more

Нова театарска претстава за млади: Чудо

Read more

Браќа Манаки со престижна награда од Британското здружение на кинематограферите

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе