Традиционална Бадникова прослава и Божикен концерт во Крива Паланка

Најголемите христијански празници, Бадник и Божик, Општина Крива Паланка ќе ги одбележи во празничен дух и атмосфера, организирајќи Бадникова прослава и Божикен концерт на кои ќе учествуваат гости од земјава и од странство.

Прославата за Бадник е на 6 јануари, со почеток во 11:00 часот, на Градскиот плоштад, а ќе започне со Бадникова поворка во која ќе учествуваат над 200 дечиња. Младите коледарчиња со божикни ѕвезди и песни ќе продефилираат од плоштадот „Карпошово востание“ до Градскиот плоштад, каде ќе се одржи и мал концерт со свечени коледарски и божикни песни.

За време на прославата ќе се изврши и избор на бадникарски кум со празнична молитва, кој ќе ја преземе честа да биде кум на градот за 2025 година.

Општина Крива Паланка традиционално организира и бадникова трпеза со посни јадења, кои ќе се продаваат по симболични цени. Собраните средства ќе бидат донирани на матурантите од семејствата во социјален ризик.

На 7 јануари, со почеток во 18:00 часот, исто така, на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи и Божикен концерт. Програмата започнува со настап на Детскиот музички хор „Симитчиња“, по што следува концерт на познатото „Трио Џентлмен“ и нивната оригинална изведба на свечени и класични евергирини посветени на Божик.

Специјален гостин на вечерта е малиот Ајдин Османовиќ, или како што го нарекуваат ангелскиот глас од БиХ , во придружба на неговиот професор Јасмин Брашњиќ, кои ќе донесат радост и топлина во срцата на сите граѓани.

„Општина Крива Паланка ги организира настаните за најголемите празници во духот на традицијата, за да имаат можност граѓаните да ги споделат празничните моменти и заеднички да го прослават овој посебен период од годината, посветен на семејните вредности, обединувањето и дарувањето“, велат од Општината.

Во организацијата учествуваат и ЛУ „Градски музеј“, НУ „Центар за култура“, училиштата, културно-уметничките друштва и Центарот за аудиовизуелни уметности.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Култура

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Read more

Нова театарска претстава за млади: Чудо

Read more

Браќа Манаки со престижна награда од Британското здружение на кинематограферите

Read more

Познати 15-те финалисти на годишните награди на Друштвото на писателите за 2024 година

Read more
 

Вести

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Читај повеќе

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Читај повеќе

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Читај повеќе

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Читај повеќе