МАКЕДОНСКИ ШАМПИОНАТ ВО АВТОМОБИЛИЗАМ 2020

Трагедија на ридско-брзинска трка во Пробиштип

Директорот на трката синоќа го загуби животот на ридско-брзинска трка организирана во Пробиштип. Инцидентот се случил, откако автомобил кој излетал од патеката удрил во несреќното лице што паднал во провалија.

Се работи за 62 годишниот Кире Андреевски-Кирца, директор на трката. Поради трагичниот  инцидент на патеката, беше прекината ридско-брзинската трка, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам.

„По здобиените повреди при инцидентот, на пат кон болницата, животот го загуби 62-годишниот долгогодишен автомобилистички судија и директор на трката, член на Автомобилистичката федерација на Македонија, Кире Андреевски-Кирца, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип“, Драган Анастасов.

„Сакам да изразам искрено жалење и сочувство до семејството и неговите другари од Автомобилистичката федерација на Македонија. Знаејќи ги сите ризици кои ги носи овој спорт посакувам ваквите немили настани да се што поретки или воопшто да не се случуваат“, вели Анастасов.

За насреќата прв информираше клубот Кастом Кар Рејсинг Тим од искажаа низа обвинувања кон организаторот.

„Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва !
На крајно небезбедна патека без банкини која не знаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата.
Одговорноста за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб Проспорт и Кристина Станојковска. Големо сочувство до фамилијата од нас како спортски клуб“, стои во соопштението на Кастом Кар Рејсинг Тим.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе