Трагите од вонземски живот на Марс се веројатно повеќе од 2 метра под површината

Новиот експеримент на лабораторијата на НАСА покажува дека роверите би требало да ја дупчат земјата повеќе од 2 метра под површината на Марс за да дојдат до евентуални знаци на праисториски живот на Црвената планета, а причината се ефектите на јонизирачкото зрачење врз малите молекули, како аминокиселините.

Откривањето на одредени аминокиселини на Марс би било силен показател дека некогаш постоел живот на оваа планета поради фактот што копнениот живот ги користи како компонента за изградба на протеини. Меѓутоа, проблемот е што тие се „избришани“ од космичките зраци, што значи дека многу остатоци од евентуалниот живот на Марс можеби одамна исчезнале.

Новото истражување покажува дека космичкото зрачење ги уништува аминокиселините многу побрзо отколку што се веруваше.

„Нашите резултати покажуваат дека космичките зраци на површинските карпи на Марс ги уништуваат аминокиселините и реголитот многу побрзо отколку што се мислеше. Тековните мисии на роверите на Марс се спуштаат околу пет инчи под површината, а на таа длабочина би биле потребни 'само' 20 милиони години за аминокиселините целосно да бидат уништени. Додавањето на перхлорат и вода дополнително го зголемува уништувањето на аминокиселините“, вели Александер Павлов од „Годард“ Центарот за вселенски летови на НАСА во Гринбелт, Мериленд.

Иако зборот „само“ изгледа малку чудно во однос на 20 милиони години, треба да се земе предвид дека станува збор за огромна временска рамка поради фактот што животот на Марс веројатно постоел пред милијарди години кога оваа планета повеќе наликувала на Земјата, имала езера и реки.

Истражувањето сугерира дека мисиите кој дупчат плитко, вклучително и роверите Perseverance и Curiosity на НАСА, треба да ја променат стратегијата за земање примероци.

„Овие мисии треба да бараат микрократери помлади од 10 милиони години или материјал исфрлен од таквите кратери“, додаде Павлов.

Во нивните експерименти, научниците измешале неколку аминокиселини во силициум диоксид, хидриран силициум диоксид или сиција и перхлорат, за да ги симулираат условите на Марс. Потоа ги запечатиле примероците во цевки под вакуум за да симулираат разреден марсовски воздух.

Примероците биле подложени на различни нивоа на гама зрачење за да се симулира космичко зрачење кое продира на површината на Марс во реалниот живот. Научниците примениле доволно зрачење за да „покријат“ 80 милиони години изложеност на Црвената планета. Користеле и различни температури и отишле до -55 степени. Павлов рече дека додавањето силикати со перхлорати во голема мера ја зголемува стапката на уништување на аминокиселините.

Роверот Curiosity неодамна анализираше одредена количина на органски јаглерод, клучна состојка за живот која беше пронајдена во примероците земени од Марс, што покажа дека има слично ниво во некои делови на Земјата. Curiosity и Perseverance продолжуваат да ја истражуваат површината на Марс, но наскоро би можеле да ја променат стратегијата за да бараат неодамна исфрлени примероци.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе