Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судот да му го врати неговиот налог на Twitter во обидот да издејствува укинување на трајната забрана за користење на оваа социјална платформа.

Трамп (75) вчера поднесе прелиминарна тужба против интернет гигантот, барајќи брзо враќање на неговиот налог.

Тој тврди дека Twitter го откажал неговиот профил, кој имал околу 80 милиони следбеници, поради притисокот на политичките противници.

На Трамп му беше забрането да ја користи страницата на 8 јануари „поради ризик од натамошно поттикнување на насилство“, соопшти тогаш Twitter.

Тој, исто така, беше исклучен од Facebook и YouTube, откако беше обвинет дека во јануари ги поттикнал своите поддржувачи да се соберат и упаднат во Капитолот, во Вашингтон. Одлуката дојде по неговите неосновани обвинувања за измама, во време кога ги загуби претседателските избори од Џо Бајден.

Адвокатите на Трамп изјавија дека неговиот налог на Twitter стана „дигитално градско собрание“ и важен извор на вести и информации за владините работи.

Меѓутоа, „цензурата и претходните ограничувања на налогот на Трамп на Twitter се вонинституционална повреда на слободата на говорот“, се наведува во барањето до судот.

„Земјата нема да има корист од обидите за ограничување на политичкиот говор. Ќе има уште помала корист од обидите за замолчување на политичките говорници“, се додава во барањето на правниот тим на Трамп до судот за ослободување на неговиот налог на Twitter.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе