Трамп: Го замолив Маск да оди да ги земе храбрите астронаути што Бајден ги остави во вселената

Макфакс
/ 29.01.2025 / 13:40

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Илон Маск и од SpaceX да одат по двајцата астронаути, кои, како што рече Трамп, администрацијата на Бајден ги оставила во вселената.

„Илон набргу ќе замине. Се надевам ќе биде безбедно“, напиша Трамп.

Астронаутите на НАСА, Бери Вилмор и Сунита Вилијамс, пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС) на 6 јуни минатата година. Мисијата требаше да трае една недела, но речиси 8 месеци подоцна Вилмор и Вилијамс сѐ уште се во вселената поради проблеми со капсулата Starliner на Boeing.

По лансирањето од вселенскиот центар „Кејп Канаверал“ на Флорида, леталото успеа да се приклучи на станицата при вториот обид поради проблеми со моторот. Покрај тоа, леталото претрпе истекување хелиум. Starliner се врати на Земјата без екипаж на почетокот на септември слетувајќи во пустината во Ново Мексико.

НАСА првично најави дека двајцата астронаути треба да се вратат на Земјата во февруари оваа година, но неодамна дојде до одложување на спроведувањето на овој план.

реклама

Свет

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Read more

Објавени последните зборови на папата

Read more

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Read more

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе