Трамп горд на договорот меѓу Белград и Приштина: А мислевте е невозможно!

Потпишан е економскиот договор меѓу Белград и Приштина во Белата куќа, пренесуваат српските медиуми.

Потпишувањето на договорот го потврди Џеф Мејсон, асистент на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Twitter објави дека Србија и Косово во Вашингтон потпишале договор за економска нормализација.

 Договорот го потпишаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдула Хоти.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, побрза да се пофали со веста на Twitter.

„Уште еден ден за кој никој не мислеше дека е можно да се случи! Честитки до Вучиќ и Хоти што се обврзаа на економската нормализација. Ова е огромен чекор напред кон просперитет и мир на Балканот и во светот. Горд сум што им помогнав на овие лидери!“с, напиша Трамп во низата твитови.

URL

 

Според договорот потпишан во Вашингтон денеска, Приштина, меѓу другото, ќе се приклучи на иницијативата за „мини Шенген“, без одлагање ќе започне изградбата на нови патишта и пруги, што подобро ќе го поврзе регионот, а во Белград ќе биде отворена канцеларијата на Американскиот фонд за развој.

Церемонијата на потпишување на договорот, иако беше најавено, не беше пренесувана во живо.

Косовската делегација доцнеше на состанокот во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп затоа што Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај се спротивставува на договорот со Србија, поради една од точките за езерото Газиводе, кое се наоѓа на границата помеѓу Србија и Косово.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе