Трамп: Ќе го вратиме Панамскиот Канал, ќе го добиеме Гренланд и ќе ставиме знаме на Марс

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на маратонскиот говор пред Конгресот рече дека Америка ќе го врати Панамскиот канал, ќе го преземе Гренланд и ќе постави знаме на Марс.

„За да ја зајакнеме нашата одбранбена индустриска база, ќе ја ревитализираме и американската бродоградба, вклучително комерцијалната бродоградба и воена бродоградба. Белата куќа ќе создаде нова канцеларија посветена на бродоградба и ќе се обиде да создаде даночни стимулации за да ја поттикне индустријата“, рече тој.

Трамп потоа се сврте кон многу контроверзна тема - Панама.

„Мојата администрација ќе го врати Панамскиот Канал, а ние веќе почнавме да го правиме тоа. Токму денес, голема американска компанија објави дека ги купува двете пристаништа околу Панамскиот Канал“.

Дали таа продажба ќе помине, останува да видиме.

Панамскиот претседател Хосе Раул Мулино постојано изјавува дека каналот не е на продажба.

„Каналот е и ќе остане панамски, а неговата администрација ќе остане под панамска контрола во однос на неговата постојана неутралност“, рече Мулино во јануари годинава.

Трамп го спомна и Гренланд.

„Имам вечерва порака за неверојатниот народ на Гренланд: Силно го поддржуваме вашето право да ја одредите сопствената иднина. И ако изберете, ви посакуваме добредојде во Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.

Тој вели дека на Америка ѝ е потребен Гренланд „за национална безбедност и меѓународна безбедност“.

„Мислам дека ќе го добиеме. На овој или оној начин, ќе го добиеме“.

Трамп зборуваше за неговата желба да воведе ново „златно време“ и да го „постави американското знаме на Марс“.

По овие „освојувачки“ планови на Доналд Трамп, следеа бројни реакции кои прашуваа како Трамп го планира сето тоа, а во текот на својот говор се пожали на високите цени на јајцата и борбата за нивно намалување.

„Конкретно Џо Бајден дозволи цените на јајцата да излезат од контрола“, рече тој, предизвикувајќи свирежи од демократската страна на Домот.

„Цените на јајцата се надвор од контрола и ние работиме напорно за да ги намалиме. Секретарката (Брук Ролинс), направи добра работа во тоа“.

Додека птичјиот грип ги пустоши фармите за јајца и живина низ целата земја, цените на јајцата вртоглаво пораснаа во последниве месеци, но Трамп не кажа експлицитно како неговата администрација планира да се справи со епидемијата.

Десет големи јајца во американските градови денес чинат близу 5 долари.

реклама

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Read more

Ќотекот се враќа како дисциплинска мерка во училиштата во една од најбогатите земји

Read more

Изненадување во екот на трката за титулата: Сити го менува името на стадионот

Read more

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Read more

Свет

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Read more

Хаос на уште еден крузер: Над 100 патници и членови на екипажот заразени со норовирус

Read more

Пентагон објави голем пакет досега невидени документи за НЛО

Read more

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје, oва е почеток на крајот на војната

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Читај повеќе

Хаос на уште еден крузер: Над 100 патници и членови на екипажот заразени со норовирус

Читај повеќе

Пентагон објави голем пакет досега невидени документи за НЛО

Читај повеќе

ЗНМ: Јавните институции мора да обезбедат еднаков пристап за сите медиуми

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје, oва е почеток на крајот на војната

Читај повеќе
  • play_arrow

Во живо од парадата во Москва по повод Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе

Економската цена на војната: Граѓаните ги трошат заштедите за да ги покријат зголемените трошоци

Читај повеќе

СЗО: Досега потврдени 6 случаи на хантавирус, уште два се веројатни

Читај повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Читај повеќе