Трамп ќе испрати федерални сили во Чикаго и во Албукерки

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе распореди федерални сили во градовите каде има пораст на насилството, меѓу кои Чикаго во Илиноис и Албукерки во Ново Мексико.

Трамп на брифинг во Белата куќа за порастот на насилството ги обвини „левичарските движењата, кои сакаат расформирање или укинување на полициската управа по смртта на Џорџ Флојд“.

– Ова дивеење на насилството ја шокира свеста на нашата нација, истакна Трамп.

CNN оцени дека Трамп со проширување на федералната операција сака да го зајакне имиџот на „закон и ред“ пред изборите во ноември.

Испраќањето на федерални сили претставува проширување на операцијата „Леџент“, координирана иницијатива за спроведување на законот, која неодамна ги префрли сојузните ресурси во Канзас Сити со цел да им помогне на локалните власти да се изборат со насилниот криминал.

Програмата е наречена по четиригодишното момче Леџент Талифер од Канзас Сити, кое беше смртно погодено од пиштол, додека спиеше во својот дом.

Програмата не бара повик од локалните власти, а голем број беа против федерални офицери да патролираат на нивните улици.

Група од 15 градоначалници на големите американски градови претходно побараа федералната Влада да ги повлече своите сили и „да се согласи да не распоредува унилатерално службеници на федералната полиција во американските градови“.

Градоначалниците испратија отворено писмо до главниот обвинител Вилијам Бар и до вршителот на должност секретар за внатрешна безбедност Чед Волф, во кое се наведува дека едностраните одлуки на федералната Влада да испратат сили во американските градови е „без преседан“ и оти со тоа се „крши фундаменталната уставна заштита“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе