Трамп: Мора да спречиме понатамошен пад на цената на нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најголемите земји производители на нафта, Русија и земјите од ОПЕК, се многу блиску до договор што би спречил цената на овој енергенс да продолжи да се намалува.

Откако разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со саудискиот крал Салман, Трамп рече дека во ова време се произведуваат големи количини на нафта што не им требаат на никого.

Трамп додаде дека САД ќе го намалат производството на нафта.

„Треба да спречиме понатамошен пад на цената, бидејќи во спротивно нашата нафтена индустрија ќе пропадне“, заклучи Трамп.

ОПЕК и производителите на нафта коишто не се во таа организација постигнаа договор за намалување на производството за 10 милиони барели на ден во текот на мај и јуни оваа година, со цел да предизвикаат вештачки недостиг на пазарот со покачување на цената на „црното злато“ чија цена е на невиден минимум поради пандемијата.

Според седиштето на ОПЕК во Виена, намалувањето на производството ќе биде ублажено во периодот јуни-декември 2020 година на осум милиони барели на ден, а потоа и на шест милиони барели помеѓу јануари и април 2021 година.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more

Шефот на Boeing поднесе оставка поради безбедносната криза во компанијата

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе
  • filter

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Читај повеќе