Трамп најави своја социјална мрежа како отпор против тиранијата на „големите“

Поранешниот американски претседател ги објави плановите за лансирање на своја социјална медиумска платформа, нарекувајќи ја „обид за борба против тиранијата на големите технолошки компании“. Ова доаѓа откако се обрати до судот да му бидат вратени налозите на Twitter и Facebook.

Доналд Трамп новата социјална мрежа ја најави како дел од целосно нова медиумска групација наречена Trump Media & Technology Group, или скратено TMTG. Најваи дека оваа интернет новина ќе биде готова на почетокот од наредната година и ќе служи како „ривал на либералниот медиумски конзорциум“ стациониран во Силиконската долина.

„Ги создадов TRUTH Social и TMTG за да им се спротивставам на големите технолошки компании. Живееме во свет каде талибанците имаат огромно присуство на Twitter, но вашиот омилен американски претседател е баниран. Тоа е неприфатливо“, вели Трамп во соопштението со кое ја најави новата социјална мрежа, додавајќи дека платформата „ја создаваме со цел да им дадеме право на глас на сите“.

URL

„Возбуден сум што наскоро ќе ги споделувам моите мисли преку TRUTH Social и ќе се борам притив големите технолошки компании. Сите ме прашуваат зошто никој не им се спротивставува? Епа, наскоро ни ќе им се спротивставиме“.

TMTG ќе почне со бета-тестирање наредниот месец, но само за одредени корисници. Во план е воведување и видео платформа наречена TMTG+.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе