Трамп: Одлуката за повлекување од Авганистан е срамна

Доналд Трамп ја оцени како „срамна“ одлуката за повлекување на американските војници од Авганистан, што ја донесе администрацијата на актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја даде изјавата по повод годишнината од нападите на 11 септември. Видео пораката на поранешниот американски претседател беше прикажана синоќа на собир на христијански активисти на централниот булевар во американската престолнина. Снимката беше објавена на Twitter од републиканската секретарка за печат, Лиз Харингтон.

– Преживеавме огромен, огромен срам минатата недела, се случи нешто страшно, донесени се страшни одлуки од оваа администрација, рече Трамп, мислејќи на повлекувањето на војниците од Авганистан. – Но, вие имате храброст и едноставно сте прекрасни, така што ќе биде можно да се надомести тоа, додаде поранешниот претседател, обраќајќи се пред присутните.

Собирот на христијански активисти, на кој беше прикажана видео пораката на Трамп, првично не беше наменет за одбележување на дваесетгодишнината од нападите на 11 септември.

Политичките противници на Бајден го критикуваа процесот на повлекување на американските сили од Авганистан. По нападот на аеродромот во Кабул на 26 август во кое загинаа повеќе од 200 луѓе, вклучително и 13 американски војници, голем број влијателни републиканци побараа оставка или импичмент на Бајден, поради тоа што дозволил да дојде до нападот во главниот град на Авганистан.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Свет

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Read more

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Read more

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Read more

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more
 

Вести

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Читај повеќе

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Читај повеќе
  • play_arrow

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Читај повеќе

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Читај повеќе

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Читај повеќе

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Читај повеќе

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Читај повеќе

Наутро минус, а попладне пролет

Читај повеќе

Прв до врв ќе затвори улици во Скопје, спортисти и рекреативци ќе итаат кон Водно

Читај повеќе