Трамп предлага зелен картон за странците кои ќе завршат факултет во САД

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера предложи луѓето кои завршуваат факултет во САД автоматски да добиваат зелен картон, или дозвола за работа и живот во САД, за да можат да останат во земјата.

„Кога ќе завршите факултет, мислам дека автоматски треба да добиете зелен картон како дел од вашата диплома за да можете да останете во оваа земја“, рече Трамп на All-In подкастот што го организираат технолошки инвеститори.

Зелената карта им овозможува на странците да живеат и работат трајно во Соединетите Американски Држави и е пат до државјанство.

Трамп, кој има тврдокорен став за имиграцијата во центарот на неговата администрација и вети тешки мерки доколку биде реизбран, ги критикуваше напорите на претседателот Џо Бајден да го спречи рекордниот број мигранти кои илегално преминуваат во САД.

„Секој што ќе заврши факултет, ќе помине две или четири години таму или ќе докторира на колеџ, треба да може да остане во оваа земја“, рече Трамп.

Не е јасно дали Трамп мислеше на сите странци, вклучително и оние кои доаѓаат во САД нелегално или им биле продолжени визите, или само луѓето со студентски визи.

Американските пратеници од двете партии во минатото предложија легислатива што ќе го олесни престојот на одредени дипломирани студенти во земјата.

реклама

Како да се ослободите од мувлата што се лепи на силиконот во веце?

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Колку чекори дневно треба да правите за да бидете фит?

Read more

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Read more

Свет

Twitch го врати профилот на Доналд Трамп

Read more

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Read more

Светот во неделата ја достигна највисоката температура досега забележана

Read more

Етна повторно исфрла пепел и лава, откажани сите летови во Катанија

Read more
 

Вести

По цели две недели борба изгаснат пожарот на Серта

Читај повеќе

Twitch го врати профилот на Доналд Трамп

Читај повеќе
  • play_arrow

Скршени двете раце на командирот на штипската пожарна: Пропаднав во дупка, изгубив контрола и почнав да паѓам

Читај повеќе

На домашна забава во Радишани тинејџер почина од струен удар, излегол од базен и сакал да пушти музика

Читај повеќе

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Читај повеќе

Светот во неделата ја достигна највисоката температура досега забележана

Читај повеќе

Полицаец од Скопје го оставил полициското куче 1,5 час во паркиран автомобил, животното се загушило

Читај повеќе
  • play_arrow

Немојте да го разочарате народот – Мицкоски за заменик-министрите вели дека се нови лица во политиката кои можат да донесат свежи идеи и енергија

Читај повеќе

Џип со странски таблички усмрти велосипедист во Тетово, возачот побегнал

Читај повеќе