Трамп примил коктел со антитела кој бил развиен со употреба на клетки од абортиран фетус

Еден од лековите што ги земал Доналд Трамп за време на лекувањето на коронавирусот е развиен со употреба на човечки клетки добиени од абортиран фетус, пишува The Guardian.

Лекот е коктел од моноклонални антитела развиен од Regeneron, Трамп добил инфузија од 8 грама, а лекот не е одобрен.

Матичните клетки што се користат за развој на лекот се познати како клетки ХЕК-293Т и првично биле извлечени од бубрег на ембрион по абортус извршен во Холандија во 70-тите години од минатиот век.

Трамп постојано се обидува да го ограничи пристапот до абортус, а еден од неговите последни обиди е да ја номинира конзервативната католичка судијка Ејми Кони Барет за Врховниот суд.

Републиканската партија на Трамп е против истражување на ембрионални матични клетки и повикува на забрана за федерално финансирање на такви истражувања.

Трамп веќе ги ограничи ваквите истражувања во 2019 година кога неговата администрација забрани финансирање на научници кои работат на студии од тој тип.

– Го запревме федералното финансирање на истражување на ткиво на фетус. Заземаме став пред лобистите за абортус како никогаш досега, рече Трамп на почетокот на оваа година.

Портпаролката на Regeneron, Александра Боуви, рече дека компанијата спорните клетки ХЕК-293Т не ги смета за ткиво.

– Клетките слободно се делат во лабораторија и не сметаме дека оние што денес ни се достапни се ткиво на фетус, а инаку не користевме фетално ткиво, изјави Боуви.

Развојот на коктелот со 450 милиони долари го поддржа БАРДА, институција во рамките на тамошното Министерство за здравство, задолжена за истражување и развој во биомедицината. Не е достапен за јавноста и досега е тестиран само на 275 лица.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе