Трамп: Русите и пред Путин рекоа дека Украина нема да влезе во НАТО, издлабено е во камен

Макфакс
/ 09.01.2025 / 15:40

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ги разбира причините зошто Русија се противи на членството на Украина во НАТО.

За време на прес-конференцијата во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп исто така остро го критикуваше претседателот во заминување, Џо Бајден, за промена на позицијата на САД за ова клучно прашање.

„Голем дел од проблемот е што Русија, долго пред Путин, јасно стави дознаење дека НАТО не смее да ја вклучи Украина. Тоа е како правило поставено за нив“, рече Трамп.

Според него, залагањето на Бајден за членство на Украина во НАТО ги влоши односите и, меѓу другото, доведе до конфликт. „Русија тогаш го има НАТО буквално на својот праг и можам да го разберам нивниот однос кон тоа“, додаде тој.

Русија го наведе проширувањето на НАТО кон нејзините граници како една од клучните причини за почнување на т.н. Специјална воена операција во Украина или агресијата што почна на 24 февруари 2022 година.

Во септември истата година украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изненади меѓународната заедница со најава на забрзана апликација за членство во НАТО. Иако членките на Алијансата во принцип го поддржаа предлогот, Украина до денес не доби официјална покана за членство.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Свет

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Read more

Нетанјаху ги обвини светските лидери: Застанавте на страната на Хамас

Read more

Цената на храната во Европа и на Балканот неоправдано расте, според анализите во ЕУ

Read more

Залужни: Украина не може да ги врати границите од 2022 година

Read more
 

Вести

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Читај повеќе

Провалиле кај кавадарчанец и му ја украле ракијата: Кривична за две лица

Читај повеќе

Полна сала на отворањето на 15-тиот Филозофски филмски фестивал

Читај повеќе

Нетанјаху ги обвини светските лидери: Застанавте на страната на Хамас

Читај повеќе

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Читај повеќе

Цената на храната во Европа и на Балканот неоправдано расте, според анализите во ЕУ

Читај повеќе

Залужни: Украина не може да ги врати границите од 2022 година

Читај повеќе