Трамп сакал да го помилува Асанж во замена за информација за хакираните сервери

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласил да го помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ако тој открие кој стои зад упадот во серверите на Демократската партија во 2016 година.

Ова денеска го соопштија некои американски медиуми, повикувајќи се на адвокатот Џенифер Робинсон, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон.

Според заштитата на Асанж, кој во суд во Лондон наскоро ќе се бори против негова можна екстрадиција во САД, на средбата присуствувале конгресмени блиски на Трамп, кои поставиле предлог „идентификација на изворите на публикацијата за изборите во 2016 година, во замена за некаква форма на помилување за Асанж“. 

Асанж беше задржан во април 2019 година во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде беше во егзил цели 7 години. САД бараат од Обединетото Кралство екстрадиција на основачот на Викиликс. Американската страна го обвинува за шпионажа и објава на доверливи информации, вклучитело и објави од хакираните сервери на Демократската партија на САД. 

Разузнавачките агенции на САД сметаат дека хакерските напади се дело на Русија. Асанж притоа негира врски со Кремљ. Доколку биде екстрадиран во САД и се докаже неговата вина, тој се соочува со 175 години затвор.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе