За време на предизборниот митинг во сојузната држава Северна Каролина, Доналд Трамп својата популарност во светски рамки ја стави на второ место, зад Исус Христос.
„Пред некој ден еден ми рече 'Ти си дефинитивно најпознатата личност во светот, а јас реков 'Не, не сум'. Тој рече 'Да, си', а јас реков 'Не'. Ме праша 'Тогаш кој е попознат?, а јас одговорив 'Исус Христос'“, по што Трамп доби овации.