Свет

Трамп се откажа од прогласување на мексикански картели за „терористички организации“

7. декември 2019 - 10:54 | МИА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „привремено“ се повлекува од прогласување на мексикански нарко картели за „терористички организации“ на барање на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

„Сè што е потребно за да се прогласaт мексикански картели за терористички организации е направено. Од правна гледна точка, ние сме подготвени за тоа “, напиша американскиот претседател на Twitter.

„Но, на барање на човекот, кого јас го почитувам и кој толку добро соработуваше со нас, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, ние привремено ќе го прекинеме прогласувањето и ќе ги интензивираме нашите заеднички напори за успешна борба против овие сè поопасни организации“.

Доналд Трамп ја спомена таа можност во телефонско интервју објавено на 26 ноември на веб-страницата на конзервативниот новинар Бил О’Рајли.

Три жени и шест деца на американско семејство кои живееја во северно Мексико, беа убиени на почетокот на ноември во напад најверојатно извршен од картел - многу влијателен во пограничната област.
Вашингтон тогаш го повика Мексико да „објави војна“ на картелите, а Доналд Трамп рече дека САД  се подготвени да му помогнат на својот јужен сосед.

Мексико ја отфрли понудата, а претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави на 29 ноември дека не сака американска воена интервенција во неговата земја. 

Коментирај