Трансформации на славните: Селена Гомез и Џастин Бибер
Музичките ѕвезди Селена Гомез и Џастин Бибер со години беа една од омилените славни двојки.
Со прекини, двајцата беа заедно од 2010 до 2017, а сега кога Бибер ја соопшти свршувачката со Хејли Болдвин по само неколку месеци врска, се чини Селена нема проблем со тоа.
Двајцата важеа за „американските миленици“ и буквално израснаа и се забавуваа пред очите на јавноста. Вака изгледа нивната трансформација, од деца, па сѐ до денес.