Треба ли да носите ракавици за еднократна употреба кога излегувате од дома?

Веројатно сте забележале дека локалните продавници имаат известувања да носите ракавици и маска додека пазарите, да не фаќате предмети па да ги враќате назад на полица, да ги дезинфицирате рацете пред влез во продавницата и слично. Дали ова има смисла, особено кога станува збор за пластичните ракавици, дали навистина ќе нè заштитат и како да ги користиме?

Еве што велат за тоа експертите.

„За јавноста општо не се препорачуваат пластични ракавици како начин за заштита од COVID-19. Хигиената на раце и респираторниот систем се приоритет пред носењето пластични ракавици или маски за лице“, вели д-р Дијана Гал за Metro.

Таа истакнува дека таквиот облик на заштитна опрема е корисен единствено во болнички услови каде здравствените работници се во директен контакт со телесни течности и вируси.

„Во болниците пластичните ракавици се фрлаат по преглед на секој пациент. Повеќето луѓе не го следат строгиот протокол па постои и ризик од носење заштитни ракавици во јавност“, вели таа.

Носењето еднократни ракавици може да разбуди лажно чувство на заштита и да доведе до занемарување на хигиената на рацете. Објаснува дека на ракавиците треба да се гледа како на кожа. Со други зборови, ако ги допирате површините со ракавици на рацете, а потоа го допрете лицето, може да пренесете коронавирус.

„Ако цел ден носите ист пар ракавици, одите во различни продавници и допирате различни површини се изложувате на поголем ризик отколку редовно да ги миете рацете“, предупредува докторката.

Ракавиците треба да ги фрлите по секое користење или допирање нови површини, никако да ги миете.

„Еднократните ракавици од латекс не се мијат, не се дизајнирани за тоа и многу се тенки“, вели д-р Џузепе Арагона.

Токму затоа што се тенки, еднократните ракавици може да се скинат. Покрај сето наведено, дури и ако носите медицински ракавици, може да се заразите со коронавирусот на поинаков начин.

„COVID-19 се шири преку капки, што значи дека е доволно некој заразен да кивне или да се закашла во ваш правец. Ако ги вдишите капките доаѓа до ширење на заразата. Иако ракавиците можат да ве заштитат да не дојдете со дланките во контакт со капките, тие ќе се задржат на површината на ракавиците и ќе преживеат освен ако не ги фрлите и веднаш потоа да ги измиете рацете“, додава д-р Рос Пери.

Затоа експертите се сложни, најдобра превенција е честото миење раце со сапун и топла вода и користење средства за дезинфекција на раце.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе