Требало да ја игра Рејчел: Актерка од Friends уште не ја изгледала цела серија

Џејн Сибет, позната по улогата на Керол - поранешната сопруга на Рос - во Friends, откри дека не ги гледала сите епизоди од легендарната серија што се гледаше ширум светот.

„Ја немам изгледано, признавам“, изјави Сибет во разговор за The Post по повод 30-годишнината од премиерата на серијата, која првпат се емитуваше на 22 септември 1994 година. Иако ги гледала сцените додека се снимале, серијата не ја следела на телевизија.

„Бев многу зафатена со растење деца и едноставно немав време да го гледам она што веќе сум го работела“, додаде актерката.

Сибет стигнала до половина од втората сезона кога нејзината најмлада ќерка Вајолет, тогаш 12-годишна, изразила желба да ја гледаат серијата заедно. Иако планира да продолжи, уште не ги завршила сите десет сезони

„Навистина треба да ја гледам бидејќи знам дека е неверојатна. Уживам секогаш кога гледам“, вели Сибет, која сега е мајка на три деца и баба на две деца.

Се пријавила за улогата на Рејчел

Интересно е тоа што Сибет првично се пријавила за улогата на Рејчел Грин, која подоцна ѝ припадна на Џенифер Анистон. Таа ги воодушевила продуцентите, но морала да се откаже бидејќи била бремена.

„Агентот и менаџерот ми рекоа: ‘Ја доби улогата, те сакаат’. Ги прашав: ‘Дали им кажавте дека сум бремена?’“, се сеќава таа.

Сепак, среќата повторно ја спои со серијата. По раѓањето на синот, Сибет добила повик да ја замени актерката која првично беше избрана за улогата на Керол.

„Дејвид Швимер беше неверојатно смешен и веднаш знаев дека сакам да работам со него“, вели таа. Син ѝ имал само два дена кога првпат стапнала на снимањето на Friends.

Remote video URL
Керол и Сузан: Историска лезбејска свадба на ТВ

Керол, која ја игра Сибет, беше поранешната сопруга на Рос која се заљуби во Сузан, која ја игра Џесика Хехт. Нивната венчавка во 1996 година влезе во историјата како прва лезбејска свадба прикажана на телевизија.

Remote video URL
Тагови
реклама

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Филм & ТВ

Како викиншки брод заврши во The Odyssey на Кристофер Нолан?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Меконахи откри како една романтична комедија го спасила од претрес на граница

Read more

Восло: Кога дојдов да го глумам Имхотеп, се испаничија - бев мумија со стомак

Read more

Сцена

  • play_arrow

Како викиншки брод заврши во The Odyssey на Кристофер Нолан?

Читај повеќе
  • play_arrow

30 години подоцна: Почна судење за убиството на Тупак Шакур 

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Меконахи откри како една романтична комедија го спасила од претрес на граница

Читај повеќе

Ентони Хопкинс на 88 години ќе го објави првиот музички албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Восло: Кога дојдов да го глумам Имхотеп, се испаничија - бев мумија со стомак

Читај повеќе

Ѕвездата од Baywatch на 56 години се приклучи на OnlyFans: Ветувам дека нема да се разочарате

Читај повеќе

Адриен Броди и Шон Пен во Загреб снимаат филм инспириран од руско-украинската војна 

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе