Тренер објасни што се случува со телото ако вежбате кардио секој ден

А.С.
/ 27.11.2024 / 15:52

Кардио тренингот е еден од најпознатите типови на фитнес тренинзи и е одличен начин за подобрување на здравјето на срцето, согорување на калории и постигнување вита линија.

Сепак, како и со сè во животот, кардио тренингот не треба да се прави секој ден. Ефектите на кардио тренингот врз телото може да бидат различни, во зависност од времетраењето и интензитетот на вежбањето и видот на активноста што ја изведувате.

Тренерот Сет Форман ги објасни можните предности и недостатоци на кардио тренингот и какви физички промени може да очекувате ако го правите овој тип на тренинг секој ден.

Најдобро е да вежбате кардио тренинг само неколку пати неделно, а после секој тренинг да правите пауза од ден-два. Во таа пауза од кардио тренингот можете да бидете активни и да правите некој друг вид на активност, но да му дозволите на телото да се одмори од напорот на претходниот тренинг.

Што се случува со вашето тело кога вежбате кардио секој ден?

Ако сте нови во кардио и трчањето е вашата главна активност, а вежбањето го започнувате со пет до 15 минути трчање, Форман посочува како можете да ги очекувате овие промени во вашето тело: болки во мускулите на ребрата и болка во предниот дел на потколеницата.

„Причината за болката во ребрата е зголемената потреба на белите дробови да се шират и да се собираат вон капацитетот потребен при мирување“, објаснува тој и додава: „Таа болка е сосема нормална и дел од процесот на адаптација на нов тип на вежбање“.

Ако многу боли, Форман не препорачува да претерате со трчањето, туку да изберете друг начин на движење, како на пример пешачење. Секаков вид на движење може да ја намали болката, тврди тој и истакнува дека е многу можно да почувствувате болка и во предниот дел на потколениците.

„Кога стапалото удира во земјата, тоа обично го прави со удар на петицата. Мускулите во предниот дел на потколеницата треба да апсорбираат два до три пати поголема сила при трчање отколку при одење. Ова предизвикува болка“, објаснува Фроман. Тој истакнува дека пешачењето е одлична форма на вежбање која може да помогне во процесот на опоравување кога ве болат потколениците.

Тренерот тврди дека во рок од два месеци од вежбањето кардио (што нема да го правите секој ден), може да ги забележите овие промени:

  • Намалување на тежината.
  • Намалување на телесните масти.
  • Подобрување на нивото на холестерол.
  • Подобрување на здравјето на срцето.

„Овие придобивки се забележани кај сите возрасни групи, мажи и жени, без разлика дали се работи за трчање, возење велосипед или некој друг вид кардио“, објасни тој за Eat This, Not That.

Како секојдневниот кардио тренинг влијае на кардиоваскуларното здравје?

Кога станува збор за вежбање кардио секој ден, тренерот советува да се биде внимателен.

„Не треба да се изведуваат сите рутини секој ден. Аеробните вежби спаѓаат во таа категорија. На пример, кај групите кои само што почнале кардио или аеробни вежби, не е забележана поголема придобивка за здравјето на срцето ако вежбаат повеќе од три дена во неделата“, објаснува тој.

Во однос на составот на телото, постојат придобивки поврзани со секојдневните аеробни вежби, но само до одреден степен.

„Човечкото тело станува исклучително ефикасно во прилагодувањето на барањата што му се поставуваат, што значи дека ако трчате секој ден, телото ќе се ослободи од сè што смета дека е непотребно да ја врши таа активност“, додава Форман.

Сето ова во некои случаи може да има лош ефект врз телото.

„Во овој случај губите маснотии, но и мускули. Со значително намалување на мускулната маса ќе согорите помалку калории при одмор, ќе станете послаби, ќе го зголемите ризикот од повреди и ќе го оштетите срцето“, заклучува тренерот.

Важно е да се запамети дека кардиото има големи придобивки за вашите бели дробови, срце, мускули, мозок и физички изглед. Сепак, премногу од ништо не е добро, вклучително и кардио тренинг.

реклама

Јокиќ го постигна најлудиот кош во кариерата и направи подвиг на кој се чекаше од 1963

Read more

Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Read more

Џеј Ло секси издание во кујна

Read more

Артан Груби и судијата Енвер Беџети нови лица на црната листа на САД

Read more

Фит

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Read more

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Read more

Како да правите повеќе склекови за само 30 дена?

Read more

7 намирници што ќе ве држат сити без дополнителни калории

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Читај повеќе

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Читај повеќе

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Читај повеќе

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе