Тренерот на Арсенал, Микел Артета е позитивен на корона вирус, соопштија од лондонскиот клуб.
Целиот тренинг центар на Арсенал е затворен откако е потврдено дека главниот тренер на екипата е позитивен на вирусот Covid-19.
Во изолација се сите луѓе кои биле во контакт со Артета.
„Ова е навистина разочарувачки, се чувствувам ужасно. Ќе се вратам на работа веднаш штом ќе ми стане подобро“, рече Артета.