Трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма во Македонија

Скопје, 29 јули 2021 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на 30 јули – Светскиот ден за  борба против трговијата со луѓе, денеска Министерстввото за внатрешни работи, заедно со Министерството за труд и социјална политика и невладините организации, со поддршка на ИОМ, ги реактивираа мобилните тимови за идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Целта на мобилните тимови, нагласи денеска Магдалена Несторовска, национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, е да бидат институционално стабилни, постојани и функционални на терен, со што ќе придонесат кон подобрување на идентификацијата на ранливите категории граѓани, преку проактивно дејствување на терен, обезбедување помош и поддршка и споделување информации со наделжните органи за водење проактивни истраги, со што ќе се зајакнат националните капацитети и ќе се зголеми ефикасноста на службите.

– Нивната работа ќе биде во насока на навремена идентификација и работа директно на терен со најранливите категории на граѓани, изјави таа.

Петте мобилни тимови во Битола, Гевгелија, Куманово, Скопје и Тетово се формирани во јануари 2018 година, потсети Несторовска, и се еден од успешно реализираните приоритетни активности предвидени во тогашнио реформски владин план 3-6-9 со поддршка на ИОМ.

– На овој ден сите заедно треба да имаме само една цел – да го кренеме гласот против трговијата со луѓе, нагласи Несторовска, национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

Според неа, резултатите од делувањето на мобилните тимови на терен се очигледни во областа на идентификацијата и упатувањето.

Во периодот март 2018 – декември 2019 година, мобилните тимови првично контактирале, информирале и асистирале 797 лица и тоа 719 државјани на Северна Македонија и 78 странски државјани, од кои биле детектирани 14 жртви на трговија со луѓе. Сите тие биле од женски пол, од кои 10 деца и четворица возрасни, како и 190 потенцијални жртви на трговија со луѓе и 593 ранливи категории лица , од кои 318 мажи и 275 жени.

Улогата на МТСП во она што значи спречување, превенција и работа со жртвите на трговија со луѓе е од огромна важност, потенцира Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности во МТСП. Токму поради тоа, истакна таа, МТСП од самиот почеток е вклучено во сите активности.

Најважна задача на МТСП и на институциите кои се под капата на Министерството, а тоа се Центрите за социјална работа во овој случај, оцени Грозданова, е проактивно делување, откривање или препознавање на претпоставени жртви на трговија со луѓе или жртви на трговија со луѓе и унапредување на соработката и комуникацијата со сите надлежни институции на локално и на централно ниво, со цел да се излезе во пресрет што е можно најбрзо на жртвата од аспект на почитување на нејзините права, како и обезбедување соодветна програма односно изработка индивидуална програма за ресоцијализација и реинтеграција на овие жртви, кои најголем број е малолетни.

– Сметам дека и понатаму треба да се користат искуствата од работата на претходните мобилни тимови во овие пет градови и да се надградува во рамки на овој проект, со цел да има поефикасен одговор на борбата против трговијата со луѓе, рече таа, додавајќи оти треба да се продолжи со црпење на исксутвата како и доесга пред се од Србија и Хрватска.

Инаку, активно функционира и Центарот за жртви на трговија со луѓе, а во него работи НВО Отворена порта.

Соња Божиновска Петрушевска, раковдител на канцеларијата на ИОМ Скопје наведе дека податоците од асистираните жртви укажуваат на тоа дека трговијата со луѓе со цел сексуална експлоатација е доминантна форма, меѓутоа постојат и жртви тргувани поради трудова експолоатација и принудни бракови. Таа нагласи дека повеќето од идентификуваните жртви се малолетници од женски пол.

ИОМ од средината на 90 -те на глобално ниво, со своите партнери, има обезбедно асистенција на околу 100 илјади мажи, жени и деца тргувани со цел сексуална и трудова екплоатација, ропство, сервилност или отстранување на органи. Секоја година на глобално ниво ИОМ обезбедува асистенција на околу осум илјади жртви на трговија со луже.

– Податоците на ИОМ од поширокиот регион укажуваат дека трудовата експолоатација била предоминантна кај возрасните мажи, а жените биле жртви на трудова и сексуална експлоатација. Момчињата биле главно експлоатирани за работни цели, а во помал обем за питачење и сексуална експлоатација, изјави Божиновска Петрушевска.

Спротивно на ова, девојчињата главно биле жртви на сексуална експлоатација, а во помал обем за принудна работа и питачење.

Кога станува збор за мигрантите, посочи Божиновска Петрушевска, нивната изложеност кон криумчарите на мигранти со цел да стигнат до посакуваната дестинација, особено на непридружуваните малолетници, го зголемува ризикот од тоа да станат жртви на трговија со луѓе.

На глобално ниво, социо-економските последици од пандемијата ја зголемиле ранливоста во однос на трговијата со луѓе. Децата станале уште поранливи како последица на пандемијата, а девојчињата изложени на уште поголем ризик од рани бракови, бременост и насилство.

Светските податоци, истакна  Божиновска Петрушевска, покажуваат дека од почетокот на пандемијата, насилството врз жените е во пораст во многу земји во светот. Глобалните извештаи укажуваат и на зголемениоо ризик за регрутирање на жртвите преку интернет.

За Љупчо Маркудов, началник на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и помошник раководител на националната единица за сузбивање криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, искуството од претходните години покажало дека мобилните тимови се добра идеја и затоа се рестартираат со работа.

Очекувањата се, потенцира тој, да бидат поуспешни оваа година, а како и досега ќе работата со ранливи категории лица, нивна поддршка и помош и идентификување жртви меѓу нив.

Инаку, Република Северна Македонија се придружи на кампањата на Обединетите нации наречена „Сино срце“ и е втора земја во регионот која ја поддржува оваа кампања. Во фокусот на кампањата се жртвите на трговија со луѓе и важноста да се слушнат и да се учи од жртвите на трговија со луѓе. Камапњата ги прикажува жртвите ако клучни актери во борбата против трговијата со луѓе и улогата што ја имаат во воспоставување на ефективни мерки за спречување, идентификување, поддршка и нивниот пат кон рехабилитација.

реклама

Откритие што менува сѐ: Човечки стапалки стари 23.000 години најдени во Ново Мексико

Read more

Го „уби“ Куман со поглед - младиот Пуиг ги освои фановите на Барса

Read more

Како за 5 секунди да откриете дали месото е свежо?

Read more

Филипче: Од средината на октомври нова мерка - ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани

Read more

Македонија

Уште пет дена попис, досега попишани околу 1.4 милиони лица

Read more

Активни 12.207 случаи, повик невакцинираните да се вакцинираат

Read more

Сончево и топло до 32 степена

Read more

На локалните избори ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани, ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

Read more
 

Вести

Уште пет дена попис, досега попишани околу 1.4 милиони лица

Читај повеќе

Активни 12.207 случаи, повик невакцинираните да се вакцинираат

Читај повеќе

Сончево и топло до 32 степена

Читај повеќе

На локалните избори ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани, ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

Читај повеќе

Бајден: Пандемијата на невакцинираните мора да престане, тие ја загрозуваат економијата

Читај повеќе

Евростат: Англискиот е најчесто изучуван јазик во ЕУ, следуваат шпански, француски и германски

Читај повеќе

Холандската полиција приведе деветмина кои подготовувале терористички напад

Читај повеќе

Во Албанија во последната декада емигрирале половина од граѓаните со високо образование

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: 525 новозаразени и 12 починати

Читај повеќе