Три години откако актерот Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс на снимањето во Ново Мексико, филмот „Rust“ синоќа имаше премиера во Полска.
Премиерата се одржа на Интернационалниот филмски фестивал Камеримаж, а организаторите изјавија дека проекцијата е посветена на убиената Халина Хачинс, која редовно го посетувала овој фестивал во Торуњ.
Актерот Алек Болдвин, кој пукаше во Хачинс за време на снимањето, не беше поканет и не присуствуваше на премиерата. Сценаристот и режисер Џоел Соуза, кој беше ранет во престрелката, пристигна на премиерата каде им се обрати на медиумите.
„Не можев да замислам дека некогаш ќе се вратам на сетот, едноставно ме болеше премногу“, рече тој.
Тој рече дека се предомислил и решил да го заврши филмот откако разговарал со неговата сопругот на Халин Хачинс.
Мајката на убиената Хачинс, Олга Соловеј, која го тужи Алек Болдвин и продукцијата на филмот, не присуствуваше на премиерата, а нејзиниот адвокат рече дека премиерата ја смета за обид да се профитира од смртта на нејзината ќерка.
„Алек Болдвин продолжува да ми ја зголемува болката со неговото одбивање да ми се извини и неговото одбивање да ја преземе одговорноста за нејзината смрт“, изјави претходно Соловеј.
За потсетување, во октомври 2021 година, Болдвин вежбаше сцена со пиштол, кој требаше да биде наполнет со лажни куршуми. Меѓутоа, кога испука првиот истрел ја уби Хачинс и го рани режисерот Соуза.
Беше обвинет за убиство од небрежност и се изјасни за невин, но случајот беше отфрлен во јули поради негирање на доказите од страна на обвинителството. Хана Гутиерес Рид, која беше задолжена за огнено оружје на филмскиот сет, беше осудена за убиство од небрежност во март. Таа издржува казна од 18 месеци.