Три кардинални фитнес гревови

А.С.
/ 12.07.2022 / 16:17

Ако вежбате некое време, а резултатите никако да се појават, голема е веројатноста дека сте виновни за некои од овие фитнес гревови.

Одржувањето здрава телесна тежина има свои предизвици, од балансираната исхрана, здравите навики до редовната физичка активност, но што кога ви се чини дека правите сѐ како што треба, а резултатите изостануваат?

Можеби сепак некаде грешите при вежбањето, па проверете дали можеби не правите еден од трите кардинални фитнес гревови.

1. Ги повторувате истите вежби, секој ден

Дали секогаш вежбате на иста опрема или секогаш трчате по истиот пат, ден по ден? Без разлика дали сакате да го подобрите тренингот и да останете во топ форма или едноставно да не го саботирате тренингот, важно е да вежбате разнолично. Покрај тоа што ќе делувате на различни мускулни групи со различни вежби, избегнувањето на рутината ќе го направи вежбањето позабавно. Ако секогаш правите исклучиво кардио вежби, пробајте пилатес за промена, на пример.

2. Калории после вежбање

По напорниот тренинг, дали се наградувате со сладолед или некој друг десерт? Само затоа што сте изработиле солиден тренинг не значи дека треба да го зголемите внесот на калории, особено ако вежбате за да изгубите неколку килограми. Наградете се понекогаш со некој десерт, но секојдневно, обезбедете му на телото доволно квалитетна храна која ќе ви даде енергија и која нема да ви наштети на напорите за слабеење или одржување на тежината. И во никој случај не дозволувајте шолја топло чоколадо да стане рутина после тренингот!

3. Несоодветни вежби

Дали мислите дека сте на вистинскиот пат само затоа што се потите секој ден? Можеби... А можеби и целосно грешите. Многу фитнес тренери забележале дека луѓето често ги изведуваат вежбите на сосема погрешен начин. Многумина не знаат како правилно да користат одредени справи и помагала, со кои тегови да вежбаат и кои справи е најдобро да се користат за да се постигне саканата цел. Само затоа што редовно посетувате теретана не значи дека навистина придонесувате за благосостојбата на вашето тело. Дури и ако мислите дека знаете како да вежбате, прашајте ги фитнес инструкторите за совет и не претпоставувајте, туку бидете сигурни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе