Во текот на вчерашниот ден во полициските станици во Скопје три лица пријавиле каснување од кучиња скитници во градот.
Во 11:00 часот во Полициската станица „Пролет“, 42-годишниот И.Р. од Скопје пријавил дека на улицата „1512“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во 14:50 часот во Полициската станица „Аеродром“, 27-годишната А.Н. од село Долно Лисиче, Скопско, пријавила дека на булевар „12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во 16:00 часот во Полициската станица „Гази Баба“, 51-годишната К.Д. од Скопје пријавила дека на улица „Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.