Три најопасни жени во Зодијакот

Некои се каприциозни, некои напорни, додека некои се многу благи и нежни. Дали сте меѓу нив?

За многу мажи, жените се голема закана. Секој маж има жена која е фатална за него. А, што мислите, која е најопасната жена според хороскопскиот знак? Во продолжение на текстот погледнете ја нашата листа која ја направија самите мажи, а на неа можете да видите која е жената од која мажите најмногу се плашат.

Златниот медал ѝ припаѓа на жената Скорпија.

Првото место на оваа листа со право го заземаат жените Скорпии. Тие се многу заводливи и лесно ги мамат партнерите во нивната маѓепсана мрежа. Меѓутоа, тогаш се појавува голема опасност, бидејќи тогаш се обидуваат да ги контролираат партнерите. Исто така, оваа дама не прима навреди и ако го почувствува тоа на своја кожа, бидете сигурни дека ќе ве удри таму каде што најмногу ве боли.

На второто, сребрено место, е жената Бик.

Оваа дама е многу напорна, особено кога се работи за материјални работи. Познато е дека жената Бик сака стабилност и луксуз и мали се шансите да биде со маж кој има финансиски потешкотии. Таа бара многу внимание и нема да толерира да биде забушавања, непостојаност или колебања од каков било вид - на првиот знак ќе ѝ видите грбот!

На третото, бронзено место, е жената Рак.

Ова е дама која уште од раното детство сонува за брак и семејство. Токму тука лежи големата опасност, бидејќи тоа може да биде застрашувачко за мажите.

При самиот врв е најемотивната жена од Зодијакот - жената Риба.

Познато е дека е многу слабо и ранливо суштество и дека многу често го менува своето расположение. Таа е дама која постојано бара внимание од својот маж и затоа само најхрабрите мажи се осмелуваат да ја сакаат.

На петтото место е жена Стрелец.

Оваа жена ја сака слободата и она што најмногу ги одбива мажите кај неа е тоа што многу често не можат да ја пратат.

На шестото место е жената Девица.

Оваа дама е позната по својата педантност, но и интелигенција. Она што може да го направи за да ги исплаши своите партнери е тоа што сака да ги критикува сите околу неа, што на мажите не им се допаѓа.

На седмото место е жената Вага.

Оваа жена е многу флексибилна и послушна и затоа мажите лесно се осмелуваат да ѝ пријдат. Она што исто така не ја класифицира оваа жена како опасна е тоа што е многу неодлучна и лековерна.

Жената Овен е на осмото место.

Оваа жена е позната по тоа што е многу отворена и искрена, па мажите секогаш знаат на што се со неа. И овие дами сакаат да шефуваат, но ретко кој маж тоа ќе го толерира. Сепак, колку и да изгледаат опасно, сепак не се голема закана за машкиот пол.

На деветтото место е жената Близнак.

Овие жени се премногу несериозни за да бидат голема закана за мажите. И тие многу сакаат да флертуваат, па ова повеќе ќе го налути мажот отколку што ќе го исплаши.

На десеттото место е жената Јарец.

Оваа жена претставува најмала закана за машкиот пол. Тие се големи борци во животот и знаат да се борат за она што го сакаат, но што се однесува до чувствата на овие жени, тие едноставно не знаат како да ги покажат. Тоа може да го збуни посилниот пол, но не претставува никаква закана за нив.

На единаесеттото место е жената Водолија.

Оваа жена е многу пријатна и пријателска. А, најголемата опасност лежи во тоа што ретко се врзува емотивно за некого. Оваа жена повеќе сака да патува и да се забавува отколку да обавува домаќински работи.

На последното место е жената Лав.

Ова е дама која секогаш сака да биде во центарот на вниманието и често сака да се натпреварува со своите партнери. Токму поради тоа, таа претставува опасност за светот на мажите, бидејќи многу често може да им ја одземе главната улога, а тоа ретко кој маж ќе му се допадне, нели?

реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Read more

Живот

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Мелис, Мира и Малахат – тројката родена во Жан Митрев Клиника заминува дома

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Како талогот од кафе може да ви ја спаси градината?

Read more
 

Магазин

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Читај повеќе
  • filter

Мелис, Мира и Малахат – тројката родена во Жан Митрев Клиника заминува дома

Читај повеќе

Дали треба да јадете овошје и сирење заедно?

Читај повеќе

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Читај повеќе

Како талогот од кафе може да ви ја спаси градината?

Читај повеќе

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Читај повеќе

Опасна бактерија се шири во европските мориња поради зголемувањето на температурите

Читај повеќе

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Читај повеќе

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Читај повеќе