Три промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

А.С.
/ 29.05.2024 / 10:53

Доаѓа летото, а со тоа и желбата да се чувствувате самоуверено и фит.

За среќа, постигнувањето на таа цел не мора да вклучува екстремни мерки или неуспешни диети кои на крајот ќе направат повеќе штета отколку корист.

Неколку едноставни промени во исхраната можат да направат чуда за нашите напори за слабеење.

Личниот тренер и консултант за исхрана, Алана Кејт Дерик, и диететичарката Триста Бест, открија мали, но влијателни промени во исхраната кои можат да донесат значителни резултати.

1. Заменете ги засладените пијалаци со вода

Дерик предлага да започнете со замена на зашеќерените пијалаци, како газирани и други сокови, со поздрави алтернативи. Многу од нашите омилени пијалаци веројатно се полни со шеќер, што може да биде штетно за нашето здравје поради неколку причини.

„Тие калории се собираат неверојатно брзо и не даваат никакви вредни хранливи материи“, објаснува таа за SheFinds. Наместо тоа, можеме да се одлучиме за вода или незасладени сокови.

2. Дајте приоритет на посните протеини

Дерик, исто така, ја нагласува важноста од вклучување на посни протеини во оброците за да се оптимизира метаболизмот и да се зачува чистата мускулна маса.

Вклучувањето квалитетни извори на протеини како пилешки гради, риба, тофу или леќа во оброците може да ни помогне да останеме сити и задоволни. Сепак, се препорачува да се внимава на големината на порциите за да се избегне прејадување.

3. Јадете повеќе пробиотици

Пробиотиците се живи микроорганизми кои имаат корист за цревата и можат да придонесат за подобрување на варењето и зајакнување на имунолошкиот систем.

Иако некои истражувања сугерираат врска помеѓу пробиотиците и губењето на тежината, потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат точните ефекти врз телесната тежина.

Но, пробиотската ферментирана храна може да помогне да се хранат „добрите“ бактерии во цревата, што може да ни помогне да изгубиме неколку килограми, тврди Бест.

„Јадењето повеќе храна богата со пробиотици може да помогне да се намали воспалението во телото. Пробиотиците се живи микроорганизми кои се корисни за здравјето, особено за здравјето на цревата. Цревниот микробиом игра клучна улога во регулирањето на воспалението низ телото“, заклучи диететичарката.

Тагови
реклама

4 хороскопски знаци се главни фаворити на Уран до 2033 година

Read more

Изненадување во екот на трката за титулата: Сити го менува името на стадионот

Read more

Ќотекот се враќа како дисциплинска мерка во училиштата во една од најбогатите земји

Read more

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Read more

Фит

Кој е подобар избор за слабеење: пилешки гради или јајца?

Read more

Седум намирници што треба да ги јадете за ефикасно слабеење

Read more

Зошто е важно да јадете протеини за појадок? 

Read more

Зошто никогаш не треба да седите со прекрстени нозе?

Read more
 

Магазин

Четири пијалаци кои ја намалуваат ефикасноста на лековите против алергии

Читај повеќе

Во која земја најмногу се троши на домашни миленици? 

Читај повеќе

Седум грешки со кои ја уништувате индукциската плоча во вашата кујна

Читај повеќе

4 хороскопски знаци се главни фаворити на Уран до 2033 година

Читај повеќе

Неколку трикови како да добиете најдобро место во авион

Читај повеќе

Која храна не треба да ја јадете на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не треба да се расправате со вашето дете со АДХД?

Читај повеќе

Што му прави една непроспиена ноќ на вашиот мозок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 неверојатни римски руини кои не можат да се откопаат

Читај повеќе