Три работи кои се менуваат во врската по неверство

Некои луѓе може да простат неверство, но не и да го заборават. Колку и да се трудат тоа да го заборават, честопати се одразува на текот на врската и нејзината иднина.

Помислата дека партнерот ве изневерил со друга, позгодна жена од вас може да предизвика дополнителен притисок на врската, но и на вашата самодоверба. Ако веќе не може да преминете низ тоа, најдобро е да се разделите.

Но, ако сепак решите да останете заедно и да му простите на партнерот, врската со партнерот може да се претвори во натпревар во кој секогаш вие ќе сакате да бидете победник. Врската е тимска работа, ако еден од партнерите секогаш ги става личните потреби на прво место, тогаш тој не е во врска.

Кои работи ќе се сменат во врската, доколку се случи неверство?

1. Прељубникот ќе биде губитник во секоја караница

Секогаш ќе постои она прашање: „ А ти мене што ми направи?“ Треба да го очекувате ова сега па и по шест месеци или две години. Секогаш ќе се има аргумент против прељубникот, бидејќи во тој момент не постои оправдување, а притисокот е голем.

2. Сè се менува

Колку и да се трудите да ги поправите работите со партнерот, над вас секогаш ќе постои невидлив облак од вина поради неверството. Ќе се правите и двајцата дека не го гледате, но ќе бидете свесни дека е тука и ќе го чувствувате неговото присуство.

3. Збогувајте се со приватноста

Во моментот кога сте ја изневериле партнерката, можеби добивте добар секс, но изгубивте многу работи кои тешко се враќаат назад како доверба, мир, верба, почит, разбирање и друго. Партнерката можеби ви простила, но исто така сега ќе биде уште повеќе свесна за секој ваш чекор.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе