Три вида цвеќиња што треба да се поткастрат во јуни за подобро да растат и цветаат

Кастрењето е една од клучните задачи на градинарството во текот на целата година и може да гарантира побујно цветање на вашите растенија.

Правилното кастрење е првиот чекор за добивање на прекрасни цветови и бујни бои цело лето. Сепак, процесот може да биде збунувачки бидејќи сечењето на погрешна гранка може да го уништи вашето омилено растение.

За да се избегне ова, експертот за градинарство и основач на Go Tree Quotes, Бен МекАјнерни, ги сподели трите растенија што мора да се поткастрат во јуни и како да се направи тоа.

Рози

Бен тврди дека кастрењето на розите ќе помогне „да се гарантира нов раст и убаво цветање“ во текот на летото. Најзначајното кастрење во годината треба да се направи во пролет кога растението почнало да пупнува и лиснува. Кога станува збор за летото, кроењето во ова време е навистина ограничено на изнемоштени цветови.

Исечете ги во секое време во текот на летото, што ќе поттикне ново цутење додека ја зачувувате естетиката на грмушката. За да ги исечете розите сега, започнете со отстранување на мртвите или оштетените делови од цветот. Потоа исечете околу една третина од должината на секое стебло. Ова може да изгледа како многу, но не е, вели експертот.

Грмушки

За оние што имаат грмушки кои цветаат во рана пролет, тогаш најдобро е да ги исечат кога цветовите ќе овенат. Овие видови на грмушки вклучуваат форзиција, азалеја, камелија, рододендрон и вајгелија.

„Сè што треба да направите е да ги отсечете сите мртви или оштетени гранки“, советува тој.

Повеќегодишни растенија

Со кастрење, тие ќе почнат да го пренасочуваат својот раст на одредена област и ќе се фокусираат на производство на повеќе цвеќиња. За да ги поткастрите повеќегодишните растенија, сѐ што треба да направите е да ги исечете стеблата веднаш над местото каде што се здравите лисја.

Тагови
реклама

Живот

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Read more

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Read more

Како Нордијците наоѓаат светлина во најтемните месеци и ја победуваат зимската меланхолија?

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја завршат 2025 година со голем успех?

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе