УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Денеска се закажани три натпревари од второто коло на Европското првенство во Германија, а од 15 часот ќе биде отворено регионалното дерби меѓу Србија и Словенија.

Србија во овој меч влегува како фаворит. Покрај подобар тим, адут им е и солидна игра во првото коло, во кое минимално беа поразени од Англија со 1:0. Денешниот натпревар може да биде клучен за нив во борбата за пласман во осминафиналето, па сигурно нема да им недостига мотивација. Сепак, ќе им недостига Костиќ, кој нема да игра поради повреда на коленото.

И Словенија во првото коло се претстави во добро светло ремизирајќи 1:1 со фаворизираната Данска, па денеска сигурно не очекува возбудлив натпревар кој ќе одговори на онолку прашања колку што можат овие две селекции на ЕП.

Втората средба од оваа група меѓу Данска и Англија се игра од 18 часот, а се освен победа за Англичаните би било големо изненадување. Англија со победа го започна првенството, а со денешните три бода би зачекорувала кон осминафиналето. Настапот на Шо е под знак прашалник поради повреда, додека Данците немаат отсуства во пресрет на дуелот на кој мора да го подобрат впечатокот по бледото реми со Словенија во првото коло.

Дербито од комплетното второ коло на ЕУРО се игра вечерва од 21 часот меѓу Шпанија и Италија. Тоа ќе биде дуел на две селекции кои го почнаа првенството со победи против Хрватска, односно Албанија, па кој и да победи вечерва ќе обезбеди пласман во осминафиналето. Шпанија е благ фаворит на овој меч, но сигурно е дека не треба да ги отпишеме ниту актуелните шампиони на Европа.

Тагови
реклама

Фудбал

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Read more

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Read more

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Read more

Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе