УЕФА ЕУРО 2020

Тричковски: Головите на Кипар - дополнителен мотив за ЕУРО

Голгетерот Иван Тричковски имаше уште една одлична сезона во кипарското првенство, а одличната форма се надева да ја продолжи и на континенталниот собир.

Фото: ФФМ

Со 16 голови и 2 асистенции популарниот Тричко ја заврши сезоната како трет најдобар стрелец во кипарската лига, а само два гола го делеа од првото место.

„Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови. Тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство“, почна тој на денешната прес-конференција во Букурешт.

Во април наполни 34 години и конечно дочека, при крајот на кариерата, да биде дел од едно големо натпреварување.

„Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб“, додаде.

Од тинејџер е репрезентативец, почнувајќи од У17 репрезентацијата. За сениорите игра од 2010 и досега има запишано 64 натпревари и постигнато 7 голови, а последно погоди во 4:0 победата над Казахстан, последната проверка пред ЕУРО.

„Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична и сите со нетрпение очекуваме да започне првенството“, заврши.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more
 

Спорт

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе