Apple изминатата недела го пушти новиот iOS 14 софтвер на сите поддржани iPhone уреди.
Ажурирањето го добија сите iPhone телефони кои го поддржуваа и iOS 13. Тоа значи дека и iPhone SE, кој е стар повеќе од четири години, го доби најновиот софтвер, како и iPhone 6S и неговата серија, која во моментов е постара од пет години.
Еден од новитетите на iOS 14 е што можете да додавате фото виџети на вашиот iPhone дисплеј. Но, за да ставите повеќе фото виџети ќе ви треба уште една апликација.
Симнете ја апликацијатаWidgetsmith и ќе можете да ставате фото виџети по ваш избор на почетниот екран во различни димензии.
Погледнете го видеото за подетални инструкции: