Трикови за подобро перење и одржување на облеката

Перењето облека е неизбежна задача што треба да ја извршувате секој ден, а често се случува после перење облеката да се намали, избледи или да прими непријатен мирис.

За да ја олесниме оваа секојдневна работа, во продолжение ви претставуваме неколку трикови кои ќе го направат процесот на перење облека полесен и поефикасен.

Сопрете ја смрдеата

Ако вашата облека задржала непријатен мирис иако штотуку е испрана, постои решение. Неопходно е да додадете чаша оцет при циклусот на плакнење, што ќе го реши проблемот со непријатниот мирис на облеката после перење.

Да се задржат боите

Со секое перење бојата на облеката се губи, осносно избледува. За да спречите боите избледуваат, натопете ја облеката во неразреден оцет 15 минути пред првото перење.

Отстранете ги дамките од пот

Жолтите дамки на рабовите и под пазувите може да ве доведат во непријатна ситуација. Направете паста од сода и оцет во сооднос 3:2. Нанесете ја на дамките и оставете да отстои половина час пред перење.

Вратете ја белината на облеката

Ако вашата бела облека посивела, постои решение. Измешајте чаша оцет со чаша вода во големо тенџере. Нека проврие, префрлете во кофа и додадете ја белата облека. Исплакнете и исушете после прекуноќно натопување.

Вратете им ја на пешкирите апсорпционата моќ

Нормално е моќта на апсорпција на пешкирите да се намали со текот на времето. Ова се должи на омекнувачите, машинското сушење и наслагите од детергентите за перење. За да им го вратите првичното ниво на апсорпција, исперете ги со оцет. Наместо детергент, додадете чаша оцет и исперете ги со врела вода. Повторете уште еднаш, но овој пат со половина чаша сода бикарбона наместо детергент.

Смалената облека вратете ја во првобитната состојба

Облеката при перењето се намалила затоа што не сте го следеле упатството за одржување. Вратете ја во првобитната големина така што ќе провиете оцет и вода во сооднос 1:2 и во него ќе ја оставите облеката 25 минути. Потоа нежно истегнете ја и оставете да се суши на воздух.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе